Следете нè на YouTube за да добивате први известувања.

Претрес: Сведоштва на жени жртви на насилство,искуства при работа со насилници, случајот на Рамајана

Следете нè

Претрес: Сведоштва на жени жртви на насилство,искуства при работа со насилници, случајот на Рамајана

Опис со вештачка интелигенција

Генерирано со ВИ · вештачката интелигенција може да направи грешки.

Претрес со Ландов (Сезона 2)

[музика] เฮ เฮ [музика] [музика] [аплауз] [музика] [аплауз] [музика] เ [музика] [аплауз] [музика] เฮ [музика] [аплауз] [музика] เฮ เฮ เฮ [музика] [музика] [музика] Започнува претрес со ландов поддржано од Пелистерка ваша здрава навика Јака Нова ваш сигурен партнер за добро здравје Мобиликс премиум Мобилара лидер за мобилни телефони Good NР уживајте во секоја готка чај спонзорирано од Кетеринг сервис папас ресторан Дион соло превоз добровечер нов претрес доцниме некои си три минути оправдано но секако мило ми е што и вечерва сте заедно со нас затоа што имаме една тешка тема како и пообичај тема за која нечесто се зборува и тема каде што повторно имаме жртви овој пат жртви на насилство некои од нив на семејно насилство некои се изложени на насилство од лица насилници коишто во кои со кои не се во семејно сродство но заеднички на сите тие жени, но и мажи име што се жртви и некако навикнати сте секогаш да зборуваме за жртви. За жал ги имаме многу, но дали тоа е епилог на тоа што се вели непостапување на институции или нешто друго, ќе се обидеме да ја одгатнеме, а веќе мислам дека и вие знаете самите кој ќе биде одговорот во текот на вечерта со нашите соговорници. На самиот старт морам да кажам дека повод за сето ова денеска што го имате како тема беше убиството на Рамајана којашто нејзиниот сопруг го изврши па се обиде да избега и сето тоа пред очите на нејзината петгодишна ќерка. Во нашето студио прв гостин ни е Надире Селман. Добровечер. Добровечер. Операторка на националната сос линија за пријавување на родово базирано насилство. Колку време? Јас сум активистка 30 години. Сиве овие години работиме за семејствоното насилство. Преку работилници на ес линијата се вклучи веќе четири години. Четири години. Активно секој ден 365 дена 24 часа. Така ќе се доближите до микрофонот за нашите гледачи да можат да ве чујат подобро. Да. А што значи да бидете операторка во една ваква национална сос линија каде што вие може да бидете токму таа личност којашто е последната истанца на којашто жртвата и верува и може да ја спаси. Да. Како прво да ги поздравам сите што нас не гледаат. да ги поздравам мрежите од кои потекнувам. мрежата Национален совет за родова рамноправност која ја оформи оваа е сос линија. Мрежата која е адхок направена по повод убиството на Рамајана од цела Европа од активистските и Фејсбук групата Стом на семејното насилство исто така по повод смртта на Рамајана. Што значи да се биде операторка на сос линија на која и веруваат. Најпрво се претставуваме со многу благ глас за да види жртвата дека има комуникација со позитивна личност и кажуваме како да ви помогнеме. Повелете. Која е вашата мака? Доколку плаче треба да ги употребиме нашите стекнати вештини кои ги имаме поминато преку тренинзи, преку искуство ја смириме жртвата. Често се осмелуваат да се јават. успеваат да стигнат до вас. Вака да ви кажам, во однос на тоа колку жртви има во секојдневниот живот што ние ги гледаме и тие што се јавуваат многу малку се јавуваат. Сеуште немаат своја лична самодоверба да се јават. Не дека немаат доверба во ес линијата или во соседките или во пријателките или кај роднините. Тие ја имаат довербата, меѓутоа ја немаат својата лична самодоверба да се јават. А сакам да ви кажам дека ние сме таа средина која и овозможуваме и ја поврзуваме. Значи сос линијата е национална, работи како што ви реков 365 дена, 24 часа дежураме. Секојдневно имаме онлајн линии и за секоја личност сите операторки ние знаеме кога и да се јави ние ја кажуваме таа истата особа што се јави кај таа и таа операторка. Мене ме интересира конкретно еве вие работите да се задржиме на случаите на насилство врз жените ромки. Ромка беше и Рамајана којашто за жал ете не успеа да се спаси од рацете на еден насилник и имавме исход каков што имавме. Тој случај ја разбесне јавноста помалку или повеќе. Кој го дозволи сето тоа да се случи? Се обратила ли жената? Проверивте ли до вашата сосос национална линија? Ние ние значи не ги проверуваме институциите. Ние соработуваме со институциите. Во случај како што е случајот на Рамајана. Ние ја покануваме Рамајана. Имаме и правно советувалиште, психолошко социјално правно советувалиште и ја зајакнуваме да самата пријави и ја учиме на постапките коишто треба да ги направи додека да пријави. Имаше пријава од нејзе. Пријава од Рамајана. Како Рамајана немавме затоа што ние сме а не ги прашуваме луѓето, жените се јавуваат и мажи да ви кажам. Не ја прашуваме жртвата кој се јавува. Не бараме да се идентификува доколку самата не се идентификува. Зарајамано, за Рамајана, бидејќи од средината потекнува од средината и живееше во средината каде што јас живеам во општина Шуто Оризари. Имаме сознанија дека Рамајана на неколку пати се обидувала да пријави, на неколку пати се обидувала да се спаси од насилството и од насилната околина, меѓутоа немала сопствени можности. не била толку економски зависна, иако економски независна, иако работела, иако заработувала. Меѓутоа за да се почне сам да се живее, сеуште во нашата држава жртвата нема услови. Дали најчесто, ете тоа е причината зошто жените ромки и се случуваат да не пријават? Најголемата причина е економската зависност од сопругот и од семејството во коешто живее. Значи спремни се да бидат тепани, малтретирани, но не можат. Видете не можат, не можат. Јас имав случај којашто жена бараше, нашата сосос линија работи на три јазици, четири на македонски, ромски, албански и турски. Добро. А така да една жена случајно побара дали може да разговара на ромски јазик. Што зошто бараше таа? Бараше од мене помош да и најдеме сместување. Каде таа би можела да живте? Не успеавме. затоа што ги знаеме ресурсите во Македонија. Има многу повеќе жртви коишто бараат сместување, коишто бараат за засолниште, меѓутоа немаме толкави капацитети. Тогаш која е улогата на оваа национална Есос линија ако еве не успевате да се да се здружите со институцииве останати и да соработуваме со институциите не дека не успеваме, меѓутоа институциите и самата држава, а Министерството за поранешното Министерство за труд и социјална политика имаат можност да да а згрижат неколку жртви, меѓутоа тој број е многу ограничен, тој број е многу мал. Ние како операторки тоа не го знаеме, ниту знаеме каде се овие засолништа. Тоа е толку така убаво смислено да не може секој да знае жртвата каде е засолнета. А зошто постои линијата? Ние се определивме да ја информираме жртвата, да информираме дека треба да оди на лекар, да земе лекарска потврда, да пријави, да оди во социјално, да пријави, да не и се доближува насилникот, да може во социјално да ја тера својата постапка. во многу тешки случаи како што беше случајот да кажам да дај боже да можеше Рамајана да се спаси и да избега имаме и придружба некогаш доброволно ја придружуваме да оди до социјалното или до било кое институција. Добро во моментот кога ќе стигне до социјалното кој е понатаму чекорот? Што правите вие? Ааа понатаму ако ни се јави жртвата ја а гледаме до кај може да и помогнеме. А ако не ние сме толку, значи ние сме со СОС линија, ја обучуваме, ја оснажуваме и нудиме помош да дојде во нашето правно советувалиште, да се зајакне, да може да оди да пријави. Има многу што го трпат со години откако влегле во брак не го пријавуваат. Да, да. Можеме да знаат дека ете ние понатаму би биле некој ѕид, што се вика. Рековте дека и мажи се јавуваат. А кај вас поради кои причини често што се еве се сеќавате ли некоја случка конкретно да ни објасните? Се јавуваат и мажи. Има несогласности во бракот со жените а нели сеа ние сме луѓе сите имаме некои болести, има жени коишто се психички болни со психолошки проблеми, тогаш мажите бараат помош како да можат да да се спасат од состојбата во којашто се наоѓаат. Тогаш ги учиме да одат во здравството или да викнат брза помош кога сопругата не е во ред со здравјето да може понатаму да ја смести, да ја лекува, понатаму самиот тој да со семејството да одлучи како ќе живее. Чисто гледаме жени ромки конкретно по раскрсниците за да питачат. А што со тие жени? Некои од нив се и приморани да го прават тоа. Не дека им е желба. Тие можеби се сметаат и за работноспособни и функционални. Но нивните мажи практично им велат не може така ќе правиш вака. Колку често тие се осмелуваат да ви се јават? Како ги советувате нив? Дали има позитивно решени случаи на на жени оттргнати од такви мажи? Бидејќи тоа е вид на психичко насилство. Еве нека не биде и физичка, верувам дека и физичка. И економско е. Мажот ти ги зима парите. Најповеќе е економско. Тој ги собира парите и потоа тој ги троши. тој планира како да ги трошат парите. А самото име на нашата линија кажува дека ние сме мобилна сос линија, работиме телефонски. Тоа што сето вие ми го поставивме, ми го поставивте прашањето е прашање на невладина организација. Значи јас како невладина организација можав да се заземам да разговарам на семафор или на местото на улицата кај што се наоѓа питачот, питачката. и да ги посоветувам дека не е тоа решение. Меѓутоа не дека ние не работиме. Еве јас сум нели и членка на националниот совет и на здружението на жени ромки Есма. Сега и на оваа национална а мрежа за против насилството, заштита на ромките од насилството. Да не се повторувам, значи ние како организации се бориме, меѓутоа многу им одговара на тие што питачат. Полесно им е да пружаат рака отколку да вложат труд да работат и да заработат пари. Ние им нудиме еве јас ќе ти најдам работа. Сега има толку многу сервиси за хигиени, за пеглање, за се и дури имаме во многу наши организации женски ќе ви кажат и прифаќаат да работат пример не прифаќаат, најлесно им е да питачат. Не прифаќаат. Значи тоа е и до жените, не е дока и мажите баш ги присилуваат со сила. Па и на нив им е полесно да пружаат рака. Искрено да ви кажам, говорам како една граѓанка. Полесно им е тоа отколку да одат да работат. А што е нашата грижа? Тоа треба и државата да се завземе нели и социјалните служби да се завземат. Колку се ефикасни социјалните служби? Искрено, искрено ако ние им пишуваме, ќе се вратам назад кај жртвите, ако им пишуваме писмо, го посетуваат семејството и секогаш ни даваат писмен одговор и и гледаме до крај и толку и толку и после тоа пак жената тепана. овие процедурава административна си ја завршиле важно тоа што е во нивна надлежност и тоа е тоа толку е толку е ние ги им кажуваме на жените дури имавме еден случај една многу а интелектуалка нејзиното семејство ја ставаше да биде жртва зошто страв и срам од околината како ќе ги осудува околината таа била апотекарка и како со три дечиња чиња неронка од мнозинската заедница а ќе ги осудувале соседите и роднините зошто таа се оставила и таа морала да трпи. Многу свеж случај е тој што ние ја охрабривме на повеќе случаи ја охрабривме и ги кажувавме и нашите лични искуства, семејни искуства ја зајакнавме. Се згрижи. Имате ли вие некое семејно искуство коешто ете да речеме е може да го споделите со јавноста? А? Па еве ова го споделувам. Ја донесовме таа е во сигурна куќа сигурна е си работи децата почнаа и одат во училиште. Колку жени се згрижени во тие сигурни куќи? Имате некоја информација? А не водам јас таква статистика и не можам да ви кажам. Јас сум само операторка на ес линијата. Ќе ме извините. Најчесто кога ви се јавуваат што ви кажуваат прво? Каков совет бараат од вас? Кои се најчестите повици? А на нас ни се јавуваат сосема пред крај, да не кажам на крај, пред крај. Со тоа што тогаш се или степани или носот скршен или повредени, многу повредени и немаат излез, туку сакаат да си го спасат животот. Па за да можеме, а има и свесни интелектуалги кои се јавуваат и бараат правна помош од нас како да им помогнеме да да го завршат. Дали националната мрежа има свои адвокати, правен тим со кој може да Имаме правно советувалиште од правници коишто имаат завршено многу високи семинари и обуки, соработуваат со интервентниот тим од Министерството за внатрешни работи и им помагаат на луѓето. на таквите кога ги прашувавме која помош ви е потребна и од самиот разговор ние оценуваме им даваме друг телефон не овој телефон од сос линијата и тогаш тие си закажуваат средби и си ги завршуваат госпоѓ Надиле колку често за самата полиција кога ќе стигне до пријава кога ќе ги насочите да пријават затајува не го решава случајот на крај до крај не ја спасува жртвата имате ли такви искуства па жртвата да ви се јави да ви каже виде дете џабе му упативте, ништо не се случи. Па искрено да ви кажам, јас лично не, меѓутоа тимски кога работиме на нашите состаноци а има случаи кога а а исклучителни случаи, изузетни случаи а не се доволно сензибилизирани за да им помогнат на на жените. Можам да кажам од периферијата од градовите, не од градот Скопје ни се јавуваат и ни кажуваат дека многу се запазуваат роднинските врски. Ако насилникот има роднина во полицијата тогаш жртвата трпи и не се реагира. Тоа можам да го потврдам. Имав таков случај. или пак имаат познати ако имаат свои синови што се на високи позиции тогаш се кријат зад позицијата на синот ќерката и полицијата не не реагира зошто во тие мали средини нели тие многу добро се познават што во тој момент а во тој момент ние и кажуваме да се јави во главната полиција во совр да пријави не во вие имате механизам да реагирате како мрежа Да, да. Кога кога тогаш гледаме дека не може, тогаш имаме координаторка Савка Тодоровска, се јавуваме во интервентниот тим и тогаш и јас лично еднаш имав такво искуство кога една жена беше киднапирана и член од полицијата од една општина, од нашите скопски општини го најде местото. Иако само бројот го знаевме и населбата го најде местото и ја најде жртвата. Ја спасивте. Па има и такви случаи. Сеа, а има и немили случаи. Баш на денешниот разговор а состанок јас кажав дека ќе бидам денес тука и мене ми кажаа добро е Надире и да кажеш дека сите овие во Македонија фемициди што се имаат случено на нашата сосос линија не се имаат јавено. Не им текнало да се јават. А ние имаме толку и кампањи правиме, имаме и Фејсбук страна, имаме и на што се однесува тогаш, зошто мислите дека не ви се јавуваат вам? Немаат лична самодоверба нели? Не, немаат лична самодоверба сами да се јават. Најповеќе им е срамот од осуда. Добро, еве во случајот на Рамајана не било така. Не и било срам за осуда, бидејќи велите имало обиди за пријавување, но вас не ви се јавило. Аа не ни се јавила на нас, меѓутоа одела во други невладини организации. се жалела и таа многу често го напуштала семејството. Можеби идни ваши гости подобро ќе кажат за случајот за Рамајана, зошто имале и директни контакти со нејзе. Таа го напуштала ќе и поминала љутината и повторно се враќала заради децата. Зошто? Затоа што таа веќе имала еден син од претходен брак кој го имала оставено. Сега јас ова ви го кажам од тоа што зборуваме во околината. Нејзините родители го чуваат синот од прв брак. Е сеа и овие дечиња да не останат без татко, таа се враќал. Ете тоа е тоа. Така доста време пред да се случи настанот, доста време таа била сама. Била надвор од семејната куќа. Таа живеела и под кирија. Ама како повторно се вратила за нејзина несреќа, ете тоа се случило така. Во во еве да речеме за во Шут Оризари ќе го земеме како пример. Што е најчесто за што ви се обраќаат од околината? Ве знаат дека работите во невладиниот сектор, велите и мажи, жени ви се обраќаат. Што најчесто ви кажуваат во однос на насилството? Колку е често во таа околина? Во таа околина да ви кажам најприсутно, најприсутно да ви кажам и не се толку несензибилизирани наши верунки. знаат некои одма да одат да пријават и полицијата да реагира, ама овој случај бил долготраен и затоа можеби и тоа се случило. Имаме ромки кои многу добро знаат ако ја натепа ќе си оди дури сама не и дава лични документи. Јас одев во полиција по други работи дошла не и ја дава личната карта полицијата веднаш излегла со нејзе веднаш изреагирала. А има случаи кога по неколку пати одат, се враќаат, одат се враќаат. Можеби и вработените во полициското одделение гледаат дека немаат свое јас за жртвите повторно се враќаат или се вмета на уцени да ја повлечат пријавата. Токму така. Меѓутоа нашиве овакво жени сеуште не се а доволно едуцирани. Не можеме да стигнеме до секоја. Не можеме да стигнеме. се одржуваат и работилници. Тие што се јавуваат им кажуваме излегуваме на телевизија. Значи мора да извади лекарска потврда која е бесплатна и со таа потврда да оди во полициското одделение или полициската станица да пријави и потоа полицијата да реагира. Пред самиот крај кој е телефонскиот број на националната Есос линија? 141 и 700. Вие сте дежурна вечерва? Дежурна сум вечерва. Јас ви се извинив доколку ми се јават да прекинам. Меѓутоа секој ден имате повици? Имаме, имаме повици. Имаме повици и ви кажував од луѓе коишто не трпат насилство, нашата линија ја знаат, прашуваат и ги преупатуваме во други институции. Така. Најчесто каде ги упатувате? Најчесто. Најчесто па во социјалното најчесто. А колку во социјалното ги сфаќаат сериозно и превземаат? Добро ние ги подучуваме да не одат и да бараат усмени услуги од социјалното туку писмени услуги. Ги учиме и сите свои барања да ги пишуваат во два примерока да имаат број по кое ќе бараат и подобрени се услугите. можам да кажам да на тие на тие странки коишто на нас ни се јавуваат. Госпоѓа Надире благодарам што вечервате заедно со нас. Се надевам дека ги охрабривме. Да јас многу ја поздравувам линијата што е направена од Европа и верувам дека на европско ниво ќе постигнеме многу повеќе. Се извинувам вие веќе го завршивте разговорот, меѓутоа да кажам оваа линија за 48 саати собраа 80 активисти кои сите се потпишавме и имаа дадено писмо за постапување за случајот на Рамајана во народен правобранител и во Министерството за внатрешни работи. Имаме писма, дури имаа добиено и одговор од Народниот правобранител дека ќе се постапува по тоа писмо кое е напишано од оваа европска иницијатива. Благодарам уште еднаш. Се надевам дека следниот пат ќе дојдете со повеќе решени случаи, а со помалку пријави. Благодарам. Тука некаде нема да завршиме, туку ќе траеме уште прилично долго. Е сега за случај каде што не секогаш институциите ја завршуваат работата до самиот крај. Ќе чуете една потресна приказна на жена којашто не претрпела семејно насилство, туку уште пострашно приказна на жена којашто претрпела насилство од нејзиниот пријател којшто сакал да и биде нешто повеќе од пријател. Таа тврди дека го доживеала тоа од нејзин другар кој тргнал во поход да да и биде сопруг и да имаат деца. Сведочи дека противзаконски е држава затворена. истиот тој нејзин другар е осуденик и во затвор, но и оттаму испраќа закани. Знаете по затворите па скоро и да е легално да имаат телефони. Проверивме и дознавме дека дури затворската полиција му наоѓала телефони за што имало и неколку постапки односно мерки, но психичкото насилство не престанало. Нејзиниот идентитет е познат за нашата редакција, а за да не биде изложена на дополнителни притисоци како од насилникот, така и од општеството, бидејќи знаете многу фино обожаваме ние да осудуваме, да кажуваме еј како искочина, па шо искочи сега јавно, нејзиниот лик и глас е заматен и е сменет. Ова е потресната приказна. Можете да ми кажете кога се случија првите моменти кога вие се почувствувавте загрозена од вашиот другар? Прво да кажам дека се работи за лица коишто долги години сме пријатели, куќни пријатели. А првите моменти беа во јануари кога истото тоа лице сакаше нешто повеќе од тоа нашето пријателство. Откако јас го одбив почна почна насилно да се однесоа спрема мене. Бев затворена дома, тепана, малтретирана. Ми се законуваше со животот на моите најблиски. првично на мојот брат. Откако јас на него му кажав дека ќе го кажам на мојот брат, он ми се закани дека ќе го убија доколку кажам нешто дека он мене ми прави. А потоа а тие три дена а бев буквално претепана од него и малтретирана. Немав храброст да да пријавам и да да се јавувам на некој од моите блиски. затоа што се плашев, се плашев за животот на моите најблиски, затоа што тие беа првично заканите коишто ми ги упатуваше кон мене. А бев затворена во мојот стан, потоа ме однесе во неговата куќа каде што беше исто присутна и неговата мајка и беше сведок на сето тој настан. А изгувно целата ситуација откако отсечно кажав дека јас не сакам да имам никаква љубовна врска со него и тука настанаа сите проблеми. почна да се да се јавува на мои пријатели, да пишува пораки на моите колеги, содржина да праќа пораки коишто а беа наши слики од изминатите години коишто ние нели сме се дружеле и тие беа наши заеднички слики, а им праќаше на моите колеги од работа и на моите пријатели и другарки дека он е во љубовна вр врска со мене дека да не ме бараат, да не ми пишуваат. Ааа исто така а имаше пораки коишто јас лично ги немам пишано, а ги препратил од мојот телефон. Ааа и исто и така некои пораки коишто беа пратени на моите пријатели и моите колеги беа пратени од мојот лично телефон, затоа што кај него беше телефонот. Траумите претпоставувам дека биле огромни во тој момент како што било истра. Преголем е затоа што а првично јас не смеев да одам ни на работа. Ми беше забрането да одам на работа. Не немав ни дозвола да да успеам да се јавам кај одговорното лице за да кажам дека јас нема да присуствувам на работа, дека нема да да можам да да дојдам. Тука едноставно ме снема. Немав никаков а телефон, немав никаков контакт. Специфично во целата оваа ситуација е што не зборуваме за лице коешто претходно не се огрешило пред законот, односно зборуваме за лице коешто е моментално затвореник, а во моментот кога сето ова се случува практично тој е на слобода поради користење на затворски привилегии. истото тоа лице е повратник во затвор. Пред повеќе од неколку години беше осуден на неколку години затвор. После тоа, после некои две години повторно е фатен со истото дело и повторно е осуден соси. Не е за насилство. Со тоа што он добива право на одмор од 10 дена и во тие 10 дена ова се случува. Кој се јавува прв? Кој прв дознава дека вие практично сте заробени во вашиот сопствен дом, подоцна во неговиот дом ит на А јас немам право на никаков телефон. Не смеам да користам телефон, не смеам со никој да се слушнам. кај него дома во неговата куќа додека он мене ме малтретира и тепа во еден момент јас се онесвестив и побарав помош од него да ми помогне да станам дека навистина не се осеќам добро и и по побарав да добијам телефон за да се јавам кај некој од моите другарки а он ми дозволи со една од тие другарки да да и да исконтактирам со тоа што само да се слушнам и точно на нејзе и беше роденден и да да и пратам јас нејзе среќен роденден за да она првично не се посомнева. Ја во тој во тој момент искористив прилика на нејзе да и пишам да и пратам локација со зборовите прати ги тука те молам ааа за да и нагласам дека а а ми треба помош и да викне полиција. По кратко време јас добив повик од станица Капуш каде што ме прашаа каде сум и и дали можам да дојдам на да дадам изјава во во станица. Меѓутоа он стоеше со нож буквално пред мене и јас немав храброст да кажам во моментов дека сум во неволја. Ме натера да кажам дека сум во Велес кај другарка кај моја другарка на роденден. ме натера буквално да излажам за да не отидам јас вечерта во станица да дадам изјава. А повторно пуштив појака со со текст те молам прати ги тука ќе ме убие. Тоа дојде таа појака дојде до станица Карпуш. Меѓутоа во моментот вечерта а никој не се потруди да да пушти налог за да дојдат на адресата. А отпосле кажаа као лично јас сум требала да пријавам дека сум во неља. Лично јас јас сум одбивала да кажам дека имам проблем, туку сум кажала дека сум на роденденска забава во Велес кај моја другарка што не беше точно. Имаа они локација точно јас каде се наоѓам. Следниот ден помина цела вечер буквално малтретирање и тепање. Ниту вода не не успеав да се напијам. Следниот ден некако успеав да го убедам дека морам да се појавам во станица Карпош. Со тоа што а го убедив дека ќе кажам дека се е во ред и јас дека сум била точно на тој роденден во Велес. но ми даде услов да кажам дека сум дека ќе одам со неговата мајка којашто беше присутна цело време во во цела оваа ситуација. Мајката нели во целата оваа ситуација изреагира некако сепак жена на изреагирано беше турната од негова страна буквално ја ја бутна и кажа да не се меша жената точно да молеше да ме пушти меѓутоа сметам дека како мајка и сето тоа што го што го виде имаше простор и начин да да го пријави случајот сериозно за да не се случи нешто пострашно а можеше да се случи многу пострашно. Отидовте ли со неговата мајка во станица? Точно да, отидовме со неговата мајка во станица. Јас успеав на мој близок пријател да се јавам којшто искочив надвор меѓувреме она ме праша каде е и реков морам да исконтактирам на телефон. На тој мој пријател му кажав, те молам дојди во станица Карпош. И тука више се беше јасно дека јас сум во неволја, дека имам проблем. Ше ли страв во тие моменти за вашето семејство? Пред се премногу. Премногу. Јас премногу се плашев за сите околу мене. буквално за сите, затоа што упорно добивав закани дека ако нешто кажам дека ќе бидат убиени дел од моите блиски, дел од мојот моето семејство, конкретно за мојот брат којшто знае и каде живее и и го познава лично, затоа што ние се познаваме долги години. А тогаш благодарение на одредени лица во станица Карпош, додека сум жива ќе им бидам благодарна. А ја видоа мојата ситуација во моментот ме видоа мене јас како изглеам ш изглеав буквално страшно. Имавте ли видливи мудрици? Да, имав имав видливо видливи мудрици на десната страна од моето лице. по рацете бев премногу исплашена. Во моментот лицата коишто се вработени таму, благодарение на нив и нивната реакција јас собрав храброст да кажам. Мислам да не беше нивната бурна реакција, а немаше да да кажам од страв. Ќе бев премногу исплашена. Они ониа спрема мене као со висок тон. и ме прашаа дали сум јас таа што ја бараат цела вечер на телефон и јас реков да и кога ме прашаат дали е која е жената он одговори јас сум нејзината тетка и јас почнав буквално да се тресам затоа што тоа беше буквално лага она не е моја тетка она нема никаква врска роднинска со мене и тука дел по дел почна да се да се разјаснува целава ситуација. Буквално нејзе изнесоа надвор, ги викнаа моите блиски и почнаа да се а да се разјаснува целата ситуација. Следеше после тоа во Кисела вода во станица Пролет. Таму не бев не бев мислам доволно сериозно сфатено за целата моја ситуација. Не знам од која причина. Најверојатно беа пораките и сликите наши повредни од мојот живот. некако беа на негова страна и во неколку наврати ги замолив лицето да се врати во во затвор и дека мојот живот е во опасност и дека јас се плашам за мојот живот и за животот на моите блиски. Меѓутоа добив одговор као батали го не може ништо има забрана за доближување во ред. На тоа остана следното утро во 10 часот наутро он више беше позади мојата зграда по под мојот прозор. Он се обидуваше да дојде со мене да дојде до мене за да ме спречи јас да ја кажам вистината и за да ме убери да ја кажам спротивната страна. Да не го пријавувам за насилство и за за тепање. А кога им пишав на инспекторите дека е он позади зграда, они ми пишаа само баталиго три точки. Толку ги чувате пораките претпоставувам. А таа порака да ја чувам и сите закани ги чувам. Точно. Да. потоа се јавив во станица Карпош каде што станица Карпош пак ќе кажам сум им вечно благодарна. Веднаш изреагираа изреагираа. Веднаш колегите се пуштија на терен. Буквално околу моја зграда мислам дека беа повеќе души и се обидуваа да го најдат, но неуспешно. А потоа следи негово апсење во лептокарио и тука го враќаат назад и откако го враќаат назад почнува мојата голгота со неговите пораки, со неговите заканувања. Тука продолжува целата таа ситуација. Повторно се праќаат пораки кај моите колеги, кај моите пријатели, кај комшии, кај луѓе што не ги познавам и луѓе што ги позна. Како доаѓа до нив? Практично ги запомнил имињата или затоа што сте долгогодишни пријатели па имате и познаници и си ги знаете? А долгогодишни пријатели но тука во во целава ситуација каде што се пратени појаки со мои наводно разговори коишто јас лично ги немам пишано а ги препраќа а он доаѓа до скринови затоа што кога го користел мојот телефон он си праел скринови и си препраќал на неговиот профил којшто од било кој телефон да се логира се уклучува и таму се меморирани сите наши разговори, сите негови разговори, сите слики. Морам да кажам дека ние со тек на годините уназад, значи цело време нашата комуникација е на Viber и на камера, што за мене не претставувало а проблем или ниту во најмала рака сум помислела дека мене тоа може да ми наштети. А јас со него сум разговарала буквално како долгогодишен пријател. Можам да кажам дека би бил како семејство. Да. Па да, практично он беше наш семеен пријател. Точно. Наш семеен пријател. Буквално има доаѓаме кај нас дома, кај него дома сме седеле, сме оделе по одмори, сме се дружеле. Ни на крај памет не ми дошло дека може баш он нешто лошо да ми направи. Доаѓа до телефон во затворот, почнува да контактира како кон вас, така и кон вашите пријатели. Каква е содржината на самите пораки на на сето тоа што тој го испраќал? А буквално се најгорди зборови употребени од мене. А дека сум била со него, дека ааа значи лагите продолжиле. Продолжуваат лагите, меѓутоа лагите ги пренесувам на луѓе коишто мене лично не ме познаваат. Тоа се некои комшии на мои блиски, не буквално луѓе коишто мене лично не ме познаваат на колеги, на работа им праќаат им праќа исто содржини дека сум буквално најлошо нешто и дека јас сум била сепак со него и дека све што кажувам е лага и дека добро што возвраќаат вашите пријатели, вашите колеги А тие што ме познаваат буквално не одговараат ништо, само ми препраќаат разговори кај што искрено не е баш сеедно да да читаш нешто такво. Аа тие што не ме познаваат препраќаат па на тие што ме познаваат и се у некој круг којшто не им е јасно уствари што се случило, пошто не можеш да да сфатиш што се случило точно кога некој не го познаваш. нели не ват тие. А има има содржини каде што и на дел од моите пријатели, моите познаници му упатува од мојот лично профил им упатува заканувачки пораки као не смееш повеќе да бараш ќе те убијам. Да. Тоа е пред да влезе а во затвор каде што додека ве држи практично затворено. Да. додека ме држи тоа го отвара мојот месенџер, гледа пораки со мои блиски пријатели којшто е комуникација сосема нормална и му упатува многу лоши зборови. Заборави го број, заборави го профилов. Какви се закани? Ќе направам ќе ја убијам. Ќе направиш за да ја убијам и јас тебе ќе те убијам. И а луѓето дел од нив враќаат као дечко си го утнал профилот или дечко не сум јас тој ш треба да ми пишеш. Не, нема буквално тие се луѓе коишто сум комуницирала, меѓутоа не биле толку блиски за да сфатат дека јас сум во некоја неволја. Кога влегова во затвор, кои се главните закани? Која е главната закана со која вас ви се заканува? Со која дека ако ако не ја повлечам пријавата ќе ме убијат. Го направивте ли тоа? Ја повлековте ли пријавата? Не. Напротив го пријавувам за секое во вознемирување. Имам пријава и за вознемирување на малолетно лице. Кон малолетното лице нема ништо. нема содржина којашто е заканувачка, меѓутоа сметам дека тоа мало летно лице е во опасност поради него, поради сето она што вие го доживеавте. Така. Точно. Како реагираат институциите на вашите пријави? Знаете, моментално е месец мај, јануари беше пред пет месеци. Пет месеци не е мал период за да полицијата, па дури и обвинителството си ги одврзе рацете и преземе нешто. Па велат дека е во процес, дека се чека. Јас се што пријавувам пријавувам во станица во Ката. Можам да заклучам дека и во моментов додека зборуваме лицето може да контактира со ваши пријатели бидејќи очигледно има телефон. Има телефон. Да. Дали знаете дека тоа лице на неколку пати му е одземен телефонот во додека ви пишува вам, додека ви се заканува вам на ваши блиски пријатели ова информација којашто ние ја добивме од затворот Идризово? Точно. Да. Одземен му е телефонот. Меѓутоа, а не можам да разберам ни јас како како е можно секој пат он да доаѓа до телефон, до број, да не набројувам и до други нешта коишто се дозволени и тоа е више бизнис во затвориве за продажба на телефони, на броеви, на наркотици, на несфатливо ми е. Не, не, не ми е сфатливо како е можно он да да има цело време телефон. Практично лицево се однесува како да е на слобода. Како да е на слобода. Имам сознанија дека сето тоа го го прави финансиски, дека ги поткупува таму одговорни вработени, дека има достапност буквално до се, до телефони, броеви и Се чувствувате ли во опасност и во моментот додека зборуваме? Да, премногу се чувствувам во опасност затоа што ааа не знам што понатака. Јас од станица во Кисела вода кажа нема од шо да се плашиш. А безбедна си има забрана за доближување. Кој ми кој ми ја гарантира мене таа а таа безбедност и таа забрана кога он следното утро веќе беше позади мојата зграда? Кој кој ми ја гарантира сега безбедноста на мене кога он има достапност на телефон? А може да може да може да да се јави на некој и буквално да да се деси најлошото. Значи ако после ова емитување на овој разговор тој упати закани кон нас тоа да биде нормално бидејќи тоа е нормално си комуницирате со јавноста од затвор. Да не разбирам како не може тој тој дел да се спречи и процесот да да иде побрзо за да да се осуди тоа лице искрено затоа што јас бев јас успеав јас собрав храброст јас благодарение на моите блиски моите роднини моите пријатели Нели јас добив храброст а да пријавам и јас добив добив храброст да зборувам на темава но а доста доста жени се плашат да зборат на темава. се плашат затоа што за не се така едноставни, не е така едноставно некој да ти се закани дека ќе те убие и да знаеш дека тој истиот тој лик е спремен на тоа и дека може тоа да го направи. Не едноставно да живееш со таа мисла дека можда ќе излезеш и нема да се вратиш дома. Затоа што некој лик којшто не не е казнет, а има слобода буквално за за комуникација, за телефони и таа а таа комуникација продолжува. Тие закани продолжуваат цело време. Значи да излезе надвор што било. Јас сум спремна на најлошото кога ќе излезе. Јас сум спремна. Јас не се чувствувам безбедно. А воопшто не се чувствувам безбедно. Кој ми гарантира мене дека јас ќе бидам безбедна после неговото излагање? Никој. Ви благодарам на овој разговор. Ти благодарам. Ете така. Ова е опис на тоа како функционираат институциите и одговор на прашањето зошто жените не пријавуваат или што се случува кога ќе пријавуваат. Секако има и позитивни примери и знаеме многумина од таквите жени. Подоцна ќе чуете еден таков разговор, но сето тоа со помош пред се на невладините организации. Се надевам дека после оваа сторија полицијата верувам дека многу добро знае за кое лице станува збор и која е жртвата, но се надевам дека обвинителството коешто сеуште нема добиено пријава ќе побара информации од полицијата, ќе преземат нешто и ќе го решат случај во најскоро време. А не ги емитувавме, но ги видовме пораките. Застрашувачки се. Застрашувачки се. треба да се земат сериозно, бидејќи во најмала рака денеска ако некој ви се заканува по вашиот живот да го пријавите во компјутерски криминал и да одговара, а да не зборам дека претставува и сериозно привично дело. Мислам дека ќе се освестиме или барем се надевам дека ќе се освестиме како општество, бидејќи коментарите од типот на еве ја лаже седејќи дома покрај телевизор на топличко, гајле е денеска вас за во овие што трпеле и како трпеле. аа се најлесни да се напишат. Зачувајте се ги за вас најискрено и нај од срце или па еве исклучете, пуштате фудбал, не знам има ли нешто, гледајте, не знам. Гледајте турска серија, откачете се. Во нашето студио втора гостинка Ивана Костовска, социјална работничка, дел од здружението Иницијатива за правата на жените во Шуто Оризари и Хелсинчкиот комитет за човекови права. Добровечер. Добровечер ќе мора да го доближиш микрофонот. Тоа е златното правило кај нас. Ќе зборам погласно да и ќе зборуваш погласно. Оваа потресна приказна не е ни прва ни последна што имаш чуено. Не, ја слушам првпат оваа приказна. Да бидам искрена ми го збуричка малку стомакот. А а ако треба да го искоментирам случајот овде во прилогов што си го снимил со жртвата тотално ги гледаме сите чекори, сите знаци зошто дојдовме дојот со фемицид со Рамајана пред една недела. и ќе се оправиме. Тешко прашање ми поставуваш дали ќе се оправиме. Јас го правам мојот дел, се што е во моите ингеренции и можности како човек којшто работи во сервиси многу долго време и којшто се обидува на сите начини и приватно и професионално да помагам и да ја кревам свеста кај луѓево. Ќе те замолам уште еднаш бидејќи велат дека сме тивки да зборуваш погласно и да го доближиш микрофонот најблиску што можеш да за да бидеме океј. Попуштете го тонот и кај вас. Верувам дека ви е намален затоа што видеото беше погласно од тоа што сме ние моментално во живо и претпоставувам и затоа ви е тивко. Се обидуваме да го средиме тоа. Дали го попуштивме аудио миксерот до крај? Значи еве буквално до крај за да се уверам дека ед еден да видиме. Да. Океј. Добри сме. Ајде ќе провериме како ќе попуштате пак кај вас да не го Одлично се слушаме барем од ова што слушам. Иване е малку потивка. Ќе ја тераме да зборува погласно. Добро зошто еве имаме овдека нереакција од институција тоа е уште повеќе загрижува. Сеа од една страна им викаме добро пријавувајте ова не треба да го ќутите, не треба да го трпите, а од друга страна истовремено институцииве е како да да чекаа да се чувстви, да се случи убиство па да направат нешто или грешам. Веројатно свесноста на институциите и на луѓето коишто работат во институциите коишто се надлежни за решавање на овие случаеви не е уште на тоа ниво на коешто е во невладиниот сектор. да речеме океј невладиниов сектор обично нели важи правило дека сме ние едни спроти други ние треба заедно да дејствуваме заради тоа што невладиниот а сектор може да биде нели само помош на владиниов со давање на сервиси и помош на жртвите а сензибилизација на луѓето коишто работат во владиниот сектор којшто е задолжен како Министерството за труд и социјала односно сега името демографија млади да па само имиња се менуваме ние по институции Да, Министерството за внатрешни работи, образование и наука се и Министерството за здравство а сензибилизација на сите луѓе коишто се директно поврзани во работата со жртви е нешто што мора да се превземе за да може полесно да го препознаваат и да ја сфатат сериозноста на а на тежината на насилството коешто се пријавува во моментите кога доаѓаат луѓето кај нив, жртвите кај нив. Добро. И колку време им треба, колку да им дадеме. Па Христијана, ако ти кажувам дека цело време од кога јас работам работиме на сензибилизација на службениците. Не знам дали ќе ми поверуваш. Така е често и луѓево коишто работиме, коишто сме активисти за човекови права, често го губиме мотивот нели и волјата да ова пак и пак и пак го правиме, затоа што секој ден го правиме едното исто, а резултатот е минимален. И сеа не знам што да ти одговорам на прашањето до кога ова. А ние ги даваме сите напори коишто можеме, затоа што сепак сме нели во ограничен број со помали ресурси, борбата е вечна да не речам. Добро, колку жени има вака еве на годишно ниво коишто трпат или бараат услуги еве од невладините, пошто од овие владиниве очигледно џабе ги плаќаат. во центарот којшто го спомена каде што работам за иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари од отварањето на центарот советувалишен којшто е специјализиран сервис за советување на жените на територија на општина Шуто Оризари а од септември 2023 до сега има 123 клиентки коишто се жртви евидентирано значи тоа се оние што се охрабриле Да тоа што се оние што се охрабриле да дојдат да го пријават насилството да зборуваат во центарот да побараат било каква помош и тоа зборам за советувалишен центар на општина на шуто Оризари. Не располагам со бројки од другите центри специјализирани сервиси за жени жртви. Зошто темава е толку непопуларна според тебе за оваа јавноста? Доса затоа што сме многу насилно општество и заради тоа што е многу нормализирано да бидеме насилни и заради тоа што на никој не му се слуша кога нешто не е океј. Значи треба да се случи убиство па тогаш ни се случува да чуеме приказнава еј многу чекај да видиме сеа мажот шо направил. Да да те воред ли сме психички вака со не знам ќе треба социјален работник си прашувам врештачење некое најверојатно дали сме во ред психички ама а генерално сме насилно општество коешто продуцира исто така насилници во иднина пошто примерите коишто се оставаат на младата генерација повторно се примери на насилство не може да научат луѓето да се однесуваат ненасилно ако гледаат насилство цело време и ова е кругот во којшто се вртиме многу време претпоставувам уште и ќе продолжи ова да трае. Добро, што ги разликува жените во шутори зареви од останатите, бидејќи таму работиш дополнително сиромаштијата не образованието во многу од случаевите, исто така стигмата на пример да побараат психолошка помош и ова се економската зависност на нели повисоко ниво и ова се фактори коишто уште дополнително ја прават ранлива жената ромка и ја прават зависна да остане во насилната средина. Колку често ве се осмелуваат да дојдат кај вас еве не само за помораат? Верувам дека не секој се одлучува да пријави во полиција, во социјално. Не, многу малку од жените се одлучуваат да пријават во полиција и во социјална заради тоа што недовербата во институциите на клиентите на овие сензитивни теми е на високо ниво. Сеа конкретно имам статистики за ЛГБТ и популацијата којашто околу 85% не пријавува заради страв од дополнителна виктизација. А жените и во овој случај сеа жените ромки на пример во организацијата каде што работам се обраќаат до нас. Значи океј првиов чекор го праиме можа да дојдат во невладиниот сектор пошто пристапот ни е различен заради тоа што не тргнуваме осудувачки и ова е да не излезе сеа како критика цело време за владините институции ама само една порака да се освестиме колку е важен пристапот кога некој доаѓа да ни бара помош. Јас сум придружувала, пошто исто во придружба одиме на жртви, а кога придружувам клиентки и жртви во Центарот за социјални работи, кога јас влегувам со нив, а не сеа сите океј не ги ставам во истиот кош, некои не ги ни знам кои се и како се викаат, не е ни битно, они превртуваат очи. Значи ако превртувате очи, јас кога доаѓам, они знаат дека доаѓам во придружба. Ондак што останува за кога жените одат сами и дали очекуваме дека кога некоја доаѓа ранлива и која се осмелила до тука да дојде нели после долгогодишно трпење насилство ако некој од другата страна преврти очи или нели као сеа шо бараш ти тука е муабетов колку ја охрабруваме жената да го направи ова колку и викаме има помош значи еве ќе ја речеме таа вработена таму во центарот Цаци цаци сака со цигарчето да си седи надвор на пауза тоа е најубаво веројатно иако има доста одговорна работа. Да. Не знам што сака да прави Цаци, ама искрено сметам дека оваа сензитивна работа треба да ја работат луѓе коишто вистински сакаат да ја работат. Тешко е. На моменти е претешко затоа ш не е до пет00 па ја одам дома и ги оставам. Пош ова се животни приказни кои со коиш ја живеам, растам како и другите даватели на услуги. Да. и верувам дека само одбирање на луѓе коишто професионално ќе си ја работат својата работа, а не е со корупција и со партиските вработувања, дека може да биде подобрување во овој во оваа борба против насилството. Пошто ја кога го работам ова што го работам нели го осеќам, стомаков ми се превртува, сакам да ги правам стварите, сакам да да дојдеме до некаков позитивен исход на крај, а не е не ми е денот мене сега ќе прегортам. Уште се чести овие да префртуваат очи во Не знам, мене ми се има случено кога сум била во придружба. Верувам дека им се случило на други луѓе. Не знам колку е често. Па се враќаат ли жените сами ако отидат еве без придружба? Бидејќи ако идете во придружба одма ми оставате впечаток дека одите бидејќи знаете дека од старт може да биде нешто или непријатно или да не биде прифатено или да не биде решен случајот. одиме во придружба исто по барање на клиентките, на жртвите ако не се чувствуваат охрабрени, сигурни нели, ако се чувствуваат дека може да бидат дополнително некако виктизирани, посигурно се осеќаат со човекот со којшто оствариле првична релација, безбеден контакт, затоа и уствари е дозволена придружбата на на жени и жртви, т.е. На било кои жртви, не само на жени, извини, а за во сите институции. Од кого жените го добиваат најголемиот шамар? Од насилникот или од институциите? Мислам дека од институциите ако веќе го прашуваме ако е вака поставено прашањето, од насилникот веќе им е начинов на живот нели којшто често велат дека го имаат прифате. Па тоа е и ова е тоа се коментариу разговори кога доаѓаат да бараат помош. Меѓутоа, кога ќе се конечно охрабрат да пријават и да потегнат нешто, кога институциите нема да реагираат, тоа е моментот каде што мислам дека се случува фаталниот пресврт да они се повлечат и после вака доаѓаме до ситуацијата до којашто дојдовме пред неколку дена со Рамајана. На жал, колку често чекаат со години па потоа јавуваат? Според статистики ако не се лажам седум пати жена заминува и се враќа. Заминува и се враќа, заминува и се враќа. Работата на нас давателите на услуги оке од невладин и на другите луѓе исто коиш работат по државните институции не е да ја осудиме зошто пак ќе се врати затоа што е ова круг на насилство од којшто тешко се излегува. Значи седум пати седум пати да се врати мое не е да и кажам еј пак ќе се вратиш заради тоа што може точно кога ќе и речам пак ќе се вратиш ќе биде кобниот пат кога нејзиниот живот ќе заврши. Нема ништо пострашно од тоа да изгубиме некој човек заради причините заради коишто изгубивме Рамајана. Заради тоа што мојата работа е да ја давам услугава. Тоа е исто у последно време го размислувам како порака до луѓево коишто го работат ова пош стварно може да биде некогаш истоштувачки и фрустрирачки заради тоа што си ги вложуваме сите напори и она нели ќе одлучи еден ден се јавува и ми вика Ивана знаеш ја не можам ќе се повлечам ќе се вратам. Не смееме да ги осудуваме. За тоа се потребни за давателите на услуги, супервизии, помош, посета на психотерапевт, збориме за лични проблеми, за работење на себе за да можеме овие овие услуги да ги нудиме максимално професионално. Значи 100 пати да се врати и 101 првиот треба пак да ја понудиме истата услуга. Заради тоа што е процес во којшто они мораат да го поминат и е индивидуален. На некого може му треба еднаш да се случи нешто, да замине, да го реши случајот. На некој му требам 20 пати и ова е океј затоа што тука постоиме за да им ја дадеме потребната помош. Точна ли е информацијата дека институциите не ги сфаќаат сериозно жените коишто еднаш ја повлекуваат пријавата? Да. заради тоа што им коментираат после тоа е пак ќе ја повлечеш пријавата и они не се вони сега овој пат да ја да повторно да ги зимаат податоците, повторно да го почнуваат процесот, повторно да го заведуваат случајот и така често во МВР ќе ќе го заведат како поплака, после потоа не можеме да постапуваме и нели ќе се одолговлечи ова се и повторно ќе дојдеме до фаталниот исход којшто е фемицид. Колку често кога има од другата страна насилник којшто да речеме економски моќен, случаите завршуваат во фиолка, ги нема или не се работи или тој е посериозно сфатен од женава којашто па еве и да трпело и психичко насилство коешто тешко се докажува реално. Да. Да. Често чест ова е чест случај нели корупцијата во нашава земја исто цвето. сме имале и такви случаеви работејќи годиниве низ сервисите коишто за коишто исто се мора да се вложуваме да вложуваме екстра напори за да ги решиме институци невладиниот сектор да биде постојано туркач на процесов во институциите за ова да се да излезе правдината на виделина. Седнувате ли некогаш да им кажете еве кога идете во придружба на тие социјални работници не го правете ова вака? Сте се обиделе? Јас сум се обидела да ги давам најфаталните примери во моменти. На пример океј ќе ги побараме разговараме нели јас сум во придружба на жртва а службеничката којашто ја прима пријавата односно ги пополнува формуларите а ми вика ама ние ќе побараме мерки од судот. ќе паднат мерките кои ќе ги плати парите за трошоците и јас пошо не можам да го слушам ова што прво не е соодветно да го зборуваме пред клиентката којашто е тука се охрабрила да пријави значи сме стигнале до овдека еден чекор плус од тоа што претходно била ги прашувам во во случај кога некој ќе биде убиен кој ќе ги плаќа трошоците за погреб и ова е непријатно да го слушаме непријатно е јас што го кажувам ама ова е реалноста и еве се случи и одговор Нема одговор. Најчесто нели станува непријатна ситуацијата и продолжуваме да ја зимаме пријавата и на притисокот којшто во моменти сум го правела. Они ќе ми речат океј добро ќе ја земеме пријавата. Значи се функционира не според словото на законот туку според притисокот. Па на невладиниот му е тоа а улогата. Мораме да туркаме таму каде што нели ќе застанат луѓето. Исто како твојава работа. Негде имаме жени коишто еве не се осмелуваат да пријават. А прво морам во овој момент да ве прашам каде можат да ве најдат еве вас како иницијатива? А иницијатива а на за правата на жените во Шуто Оризари се наоѓа во општина Шуто Оризари на адреса Јордан Шишко број 15 спроти џамијата на Амди Бајрам. Ова е популарно пошто таму сме да одма. Така да верувам дека сите од општината знаат точно каде се наоѓа советувалишниот центар. А останатите сервиси коишто нудат бесплатни услуги ги има каде кога ќе куцнете на интернет као линијата прееска што ја кажа мојата колешка има друга линија, има кризен центар, се супер со тие линии. Океј, не им ни ја намалуваме важноста, но еве и самата гостинка и претходно кажа дека голем дел од жртвите веруваат повеќе можеби на невладиниот сектор. Да. Они се исто дел од невладиниот сектор. Линиве коишто ти ги зборам, кризните центри и советувалиштата се услуги коишто ги нуди невладиниот сектор коишто се обраќаат жртвите. Околу згрижувачките центри еве има едно прашање коешто вели дали има згрижувачки куќи? Според статистиките, според официјални податоци на Министерството има 13 шелтер центри во шест плански региони низ земјава. Јас ги немам видено заради тоа што се тоа тајни локации. А и има осум советувалишни центри. Јас искрено државните центри нели не ги знам. Знам шелтер кризен шелтер којшто значи кризно сместување интервентно од 24 до 48 часа коешто е на невладина организација. Тоа е кризен центар Надеж и знам за уште еден а шелтер којшто сместува жртви на долг рок. Тоа е исто на друга невладина организација и знам советувалишен центар освен а Исирка коешто е советувалиштето во Шуто Оризари и уште едно советувалиште Прв семеен центар на Хера и ова се сервисите коишто знам дека ги нудат услугите и коишто вистински нели сум била, сум ги видела, сум сместила жртва, сум контактирала со колегите од другите организации. За другите коишто они ги водат како официјално постоечки не можам да кажам заради тоа што не знам, немам информација. Дали често децата кои ги имаат се пресудни за да случајот не го истераат до самиот крај, односно да пријават па да се повлечат, да се вратат, па да пак се оттргнат од насилникот? Мислам дека економската зависност е по попресутна во овие случаеви заради тоа што не верувам дека некоја жена којашто има деца и чиишто деца се сведоци на насилството коешто се случува многу често во домот дека на нејзе тоа и е во ред. Меѓутоа, кога државата би имала мерки и би обезбедила економска нестабилност, стабилност и домување за една жена којашто е жртва, верувам дека таа би го напуштила домот многу поедноставно. Што е со жртвите коишто се мета на психичко насилство? Кажавме дека тешко се докажува. Да, тешко се докажува. Што правите во тој случај? Повторно ги придружуваме во центрите кога ќе одлучат да Какви се најчестите закани ко пријавуваат? Најчестите закани се ќе те убијам, јас сум единствен. и да ме остаиш нема да нема да може да постои друг. Претходно нели секако следуваат навреди кон жртвата коишто влијаат на нејзината самодоверба да она се чувствува немоќно и да не сака да го пријави насилникот. И ова се повторува постојано. Претпоставувам не е ова еднашка седнале да разговараат, се скарале за лончето во кујна. Не и често викаме физичко насилство, ама физичкото насилство е секогаш пропратено со психичко насилство. Не е нели ситуацијата не е мирна, мирна мирна и он одеднаш ја удира. Претходно има психичко насилство коешто ескалира во физичко. Така да овие две не дека идат засебно. Прашање е дали ќе следи физичко ама психичко е секогаш постоечко. Не можеме да го докажеме ама принципот исто на невладиниот сектор е да и веруваме секогаш на жртвата. Она доаѓа, кажува каков е проблемот. Ја не преиспитувам дали е навистина ова вака. Зошто би дошла жената да ми го каже ова ако не би било? Зошто не размислуваат вака социјалниве работници? Мислам ќе треба да ги викнеш нив за да ти го дадат одговорот. Значи ниту ти како социјален работник немаш одговор. Немам одговор. Да. Ја размислувам вака. Со тоа што јас исто еднаш кога ме прашаа колегите на полагање на испит дали би работела во државна институција реков не. заради тоа што за да стигнам до државната институција треба да поминам пат којшто за мене е несфатлив во невладин сектор работам заради тоа што имам квалификации да работам и заради тоа што сум ангажирана заради моите способности за давање услуги се на високо ниво веројатно ќе чуеме еден краток извадок не приказна спремете го делот со затворот на жена којашто ја затекнавме во затворот во Идризово во женскиот дел каде што завршила благодарение на нашите шите институции коишто очигледно дека затаиле била мета на семејно насилство од нејзиниот сопруг пријавувала се обидувала да се спаси залудно и го убила. Откако го убила а завршува во затвор наместо веројатно да и се помогне психички. И најтрагедијата во целиот овој случај е што жената вели јас тука го најдов мојот мир. Ти звучи ова све како некое дежаву од аспект на дека после толку долго насилство жените можат да го најдат и својот мир зад решетки. Ова е многу тажно да го слушнеме. Ова е одлика на нашето општество. Жената значи кога живеела слободна се чувствувала полошо отколку сега кога живее затворена во институција каде што отслужува казна. Треба да се запрашаме до каде сме стигнати, до каде сме ги довеле жените за да го изјават ова и за да се чувствуваат вака. И да се запрашаме зошто сеуште Анета е зад решетки и осудена на осумгодишна казна. Има изле излежано три години. Приказнава ви е доста позната од нашата посета во затворот Идризово. Доколку го имате гледано тој претрес, доколку не, еве еден краток изводок. Мојата приказна бев жртва на семено насилство скоро 12 години. Секоја институција беше затворена за мене како полиција, како социјално, како све. и си преземав случајот со мои раце, го убив и сеа сум тука кај сум. Тоа е. Колку време? Три години. А инаку имам уше пет години за издржување на казна. Вкупно осум години. Каење постои од прв ден али жута минута шо викам ја, црна минута неко секому може да се случи. Колку време бевте жртва на сними? 12 години. Немав никој мој, немав помош од држава, помош од било која институција и бидна шо бидно. Јас сум рекла од прв ден кој сум дошла ова за мене е одмор. Немам малтретирање, немам било каква казна. Ова за мене е одмор. Не знам како ќе ме разберете и сфатите, али ова за мене е одмор. Тоа надвор не се издржуваше, а ова овде се издржува. На секоја една и посакувам само најубаво и да има сила и храброст да пријави било каде. Не да трпи како мене. Секој еден ќе рече за фамилија, за дете дете расне ама животот назад не се враќа. Тој беше Албанец, не беше Македонец. Моите беа против тоа. Немав никаков контакт со нив 12 години. Али откај се деси тоа први на сила ш стапија беа моите. Што ве научи затворот? Самотрпение. Мада цел живот сум трпела, сум чекала и надежта последна умира. Само тоа можам да кажам. Еве се надевам на подобро. Белким ќе дојде како ш викаат после дождот доаѓа сонцето. Белким еден ден ќе дојде и кај мене. Сите овде за убиство што сме жртви на семејно насилство. Страшно толку. Да. Не знам дали може пострашно од ова што го слушнавме. Значи работава си ја земале правдата во свои раце. она народското кажано очигледно дека институцииве не функционирале и сега лежи уште затвор и се чувствува таму најслобода мислам ова е ова е а ова не не знам дали може да се случи во нормална држава не знам што не бизарно е ако го разгледаме вака поубаво жените веројатно во овие моменти се чувствуваат како да немаат избор нели или ќе ја убие он нејзе или она ќе си го тргне да си го спаси нејзиниот живот е тој момент што ги доведува жените да биде нели или женава којашто завршила во затвор или фемицид уште еден во нашата статистика. Има ли има ли жени коишто дошле кај вас да побараат помош и би кажале или ќе го убијам јас или тој ќе ме убие мене? Јас сум имала такви а искази од клиентки во минатото кога сум работела во другите сервиси. Зошто? Што велат? Заради тоа што секојдневно го трпат насилството и нивните пријави во полиција којашто нели задолжена за нивната безбедност да им ја гарантира, не им ја гарантира и она секој ден продолжува во истото да живее. Најверојатно повеќе не може од тоа. Колку случаи на фемициди имаме во Македонија? Да појасниме изразов. Прво да го појасниме. Тоа е фемицид е убиство на жена. А имаме во пос статистиката за последните четири години е 19 фемициди. Тоа во просек му доаѓа околу пет Да. На годишно ниво за една волку мала земја. Да. Но имаме и а еве жени коишто се осмелиле да си ја земат прабавдата во свои раце како Анета, но имавме и неколку други сега што се случија пред извесно време. Имавме пале за којашто се доби ослободителна пресуда под мислам дека исто ова беше под притисок јавниот притисок којшто успеа да се направи околу случајот на пале нели реакциите на невладиниот сектор имаме жена од Кратово за којашто во тек е а пресудата за којашто веројатно мислам дека било предложено дека она го направила ова како убиство со умисла и сега мислам дека исто улогата на невладиниот и на јавноста би била да се направи притисок заради тоа што а ова сигурно не е точно него е она е жртва долгогодишна на семејно насилство коешто го трпела не добила никаква заштита колку често внатре и самите семејства ќе имаме насилник тој ќе ја малтретира жртвата другите гледаат односно родителите и ќутат родителите збориш на самите на самиот насилник бидејќи најчесто живеат во заедница во заедница да тоа се случува се случува да родителите да гледаат да не изреагираат никако доколку живеат во заедница и често се случуваат децата да се сведоци на насилството а коешто ааа ги прави индиректни жртви на насилство нели понекогаш се и директни жртви и овдека исто имаме итност во постапувањето. Институциите кога доаѓаат до сознанија вакви треба итно да постапуваат за заштита на децата. А постапуваат кога постапуваат, кога не пак ќе кажам нели со нашите притисоци во случај зависно како стануваат на сабајле. Не стварно не можам да радувам како тоа законот и денес и утре ќе биде ист. Не може да биде денес утре. Да да да. Притисоците кога ги правиме нели потешко, меѓутоа стигнуваме до некаков позитивен исход. А кога не ги правиме, не знам баш што се случува, се заглавуваат во лавиринтите најверојатно, пошто секогаш исто сите им викаат не од кај нас оди таму, не од тука оди таму. Имам чувство дека некој синдром е на нашево општество да не сакаме да се занимаваме со со нашата работа. Да не сум надлежен, но врати се на друго место и ние секогаш ја предаваме топката на тој другиот, на тој другиот, на тој другиот и така во кругот. Колку често се користи онаа фраза ли, колку често ја слушате сама е крива, сама си го бараше. Може ли една жена сама да си го бара? Да. Ова е исто а една фраза, начин на наша реакција којашто треба да ја искорениме заради тоа што жената не можела сама да си го бара, жената не го заслужила и жената не можеме клиен клиентката, жртвата во ниеден случај да ја прашаме што ти направи. Нема оправдување. што она направила да го заслужила насилството. Не ја даваме одговорноста на нејзе, него одговорноста е секогаш во сторителот. Имаш работено на еден случај на една жена којашто успеала да излезе од пеколниот круг на семејно насилство. Да нема да го споменеме нејзиното име. Нејзиниот лик ќе биде и овој пат заматен поради можноста за стигматизација пред се од општеството, но и поради стигматизација од блиската околина, што често ли се случува? Да. Да. Жените се исто дополнително осудувани од околината, блиските, роднините, пријателите, што уште повеќе им го стеснува. Не треба да има разбирање. Не, јас сега на пример ја знам првата жертва што ја емитувавме и ја мотивираш и кажуваш како да постапи за да и помогнеш и за да го изби какво е тоа стигматизирање како може тепаниот кај тепан па уште шиканирани од од блиската околина какво е тоа размислување која е целта целта е да остане жртвата во нејзината улога на жртва да ја оставиме таму и веројатно ова е последица на патријархатот заради тоа што што ќе прави ќе го остави мажот ќе си оди. Мислам обично полициските службеници ги советуваат жените дека бе што е еден шамар, врати се сега ќе го растураш бракот, ќе ги остаиш децата. Прво ова не е неговата улога. Значи тој е тука за да ја примијавата од жената и да ја заштити. Он нема советодавна улога. Плус кој е овој совет? Мислам сеуште сме со патријархалните вредности кана на едно многу високо ниво. Па жената ако го остави мажот веројатно е не знам нечесна, распуштена, појма немам. Али он е океј шо ја тепа. Значи ќути може и полошо. Да, да, да, да. Еве ќе ќе ги оставиме сеа гледачите, бидејќи јас ја знам приказната, затоа што ми ја раскажа жртвата. Ти имаш работено со жртвата. Низ конкретен пример ќе чуете за жена којашто вели дека 12 години, потенцирам 12 години трпело насилство од сопругот, ќе дознаете за пријавите, за реакциите од институциите и за целиот терор. Станува за една збор за една исклучително храбра жена која ќе ја видите на улица ќе речете па сигурно добро живее, ќе ја видите насмеана, ќе ви рече здраво, а но длабоко во неа има и те како големи рани. Приказна којаштово ќе не остави да го поставиме често поставуваното прашање каде живееме. Благодарност што ја прифативте нашата покана и што се одзвавте на истата за да проговорите за она што сте низ што сте минале вие. А верувам дека е траурно, тешко и многу бол. Зошто се одлучувате одново да ја раскажете приказната? Бидејќи многу жени коишто ги повикавме да го направат истото, многу се мислеа и на крај велеа па не може. Пред се да ви се заблагодарам за тоа што ме поканивте, затоа што верувам дека паталец најмногу може да помогне на на друг паталец, бидејќи по книга го ги нема тие трауми и поминати моменти коишто не може секој да ги раскаже. Само тој што го надминал тој период. И затоа и се нафатив, бидејќи јас тоа веќе го надминав и би сакала да помогнам на на некоја друга што била во мојата што е моментално во позицијата каде што јас бев на почетокот и сакам да да и дадам дознаење дека се може да се направи доколку биде упорна и со вистинска поддршка. Колку беше тешко, како започна целиот тој, да кажеме претежок период, верувам за вас. Па тоа започнува кога ќе почне човек да се освестува дека не е се како што треба и дека треба нешто да направи. И тука наоѓа наидува на препреки од типот па јас не знам што да правам, кај кого да се обратам. Нели нашата држава нуди а институции и нуди телефонски броеви каде што тоа наводно може да да ти пружат поддршка и помош и да те насочат нели што треба да превземеш. Меѓутоа, еве јас се тргнам од себе, телефоните коишто се понудени можат да помогнат од смисол да само да те отслушат, да ти олесни во моментот и барем во мојот случај беше така. Не ми дадоа некои конкретни насоки освен ние не можеме ништо да направиме преку телефон. Вие мора да пријавите во полиција. Може да објасните кое насилство, кој вид насилство го трпевте? А го трпев физичко насилство. А најчесто на почетокот не беше секојдневно, меѓутоа психичкото насилство кое откако се се тргнав од таму нели согледав дека било секојдневно е тоа што е полошо бидејќи не се гледа и најчесто поготово во нашава држава не може да се докаже физичкото насилство да може да се докаже нели на на основ на докази на физички повреди и така натака меѓутоа кога имаш кога трпиш психичко насилство пред се си става даваш вина дека самиот си виновен и дека си го заслужил тоа. Најчесто не ни гледаш на тоа како на тип на насилство, туку на нешто што си го заслужил. Можеме ли да им објасниме еве на тие жени коишто сеуште не сфаќаат што е психичко насилство, како тоа изгледало? Па а пред се забранувањето да се гледа со блиските луѓе, значи од претходно што ги имала имал во животот, бидејќи нема само жени што се жртви на семејно насилство, има и мажи за жал во последно време. Меѓутоа ускратувањето на оние бенефиции и на благодети што си ги имал претходно полека полека тоа се оди постепено. Значи ништо не е нагло за да жртвата не примети дека и се ускратуваат а вратите и се затвараат за да може да побара помош и ааа се до моментот кога буквално ќе се осетите како во кафец или работа дома гледање деца доколку станува збор за нели брак со деца а до тој момент тогаш вие се освестувате дека сте уствари сами дека сите врати ви се полека ви ги затворил насилникот и дека мора да барате нови врати коишто коишто не ви се познати и кои во коишто не знаете дали може да верувате. Како течеше тоа кај вас конкретно? А од самиот почеток тој а беше љубоморен. Јас тоа го сметав а за чудно и нели премногу. Меѓутоа нели околината и луѓето коишто се растени во поинакви услови повозрасните советува не тоа е љубов те сака. Затоа слушај го и јас сметам дека жената осеќа кога нешто не е во ред и треба да го следи секогаш својот инстинкт, бидејќи доколку тоа што порано се спречи, пома помали се последиците што ќе ги носи посета со години, бидејќи после тоа тие последици се одразуваат на новиот живот што ќе го ствара дополнително нели откако ќе се ќе излезе од тој брак или од тоа од таа куќа. А значи бракот не завршува а со разводот или со напуштањето на куќата. Тој завршува уште на самиот почеток кога а љубовта ја нема според мене и тоа треба жена да се осеко мажот ја навредува и забранува тоа не е љубов, тоа не е брак. Значи институцијата брак според мене треба да е поддршка, љубов разбирање. Доколку тоа го нема, љубовта колку и да е голема умира и тоа преминува во затвор. Како го манифестираше она што вие го нарекувате љубомора? А измислуваше дека се гледам со со други, дека спијам со други мажи, дека а кријам пораки, дека бришам не знам од каде му излегуваа такви идеи. А забрануваше моите другарки ми местеле другари, нивни другари ме подведувале, намерно сме лажеле. Значи некои работи кои јас ги сметав дека се љубов, а тоа уствари било ускратување на на оние што ти се што ти се нудат да ти помогнат уште на самиот почеток кога сеуште не си свесен. Значи практично додека некој ви укажува вас дека сето тоа е ненормално и не е добро, тој се обидува да ги отстрани од целата. И ме убедуваше дека тоа е за мое добро, дека они не чинат, дека не се добри, лошо влијаат на мене и така натака и дури додека не стана свесна, се додека тие не станат збор за значи најблиските, семејството со кои сум живеела пред да живеам со него. Тоа е освестувањето, моментот кога осознава, а и веројатно беше тоа еден од клучните моменти. Додуша тогава беше комбинација и зголеменото физичко насилство. Од кога започна физичкото насилство? Од самиот почеток на љубомората или пак почна се со зборови вербално, психичко, па продолжи со физичкото на почна со зборови, да. И на почетокот беше а значи како буквално како леле извини а пијан бев ми се испушти нема да се повтори посета стануваше се почесто и почесто и нормално на крај заш шо ти си крива ти ме предизвика ти си крива да ќутеше нели немаше ова да се случи и буквално се претвараш во кукла која како ќе ти кажат така треба да да правиш а моја грешка беше сметам сега дека сето тоа успешно го прекривав и пред сите глумев дека сум среќна. Затоа откако одлучив нагло да се тргнам од нели кога ќе ви прелие чашата веќе одлучувате да се тргнете веднаш. А сите се чудеа зошто па вие имавте убав брак, вие бевте убав пар. Не, јас убаво глумев за жал. Така значи таа одбрана ја свара жртвата. Како мене никој нема да ми верува затоа што а а од кога семе надвор кога бевме надвор се претставуваше како нели добар сопруг, добар татко на децата, меѓутоа позади затворени врати беше сосема поинаква приказна. Зошто криевте? Криевте затоа што сакавте да го спасите бракот. Криевте затоа што не верувавте во институциите. криевте, бидејќи со текот на времето кога човек се отргнува и отуѓува од сите практично останува сам. Која беше главната или беше спој, комбинација од себе? Па пред се беше бидејќи а мислев дека а дека ќе успеам да го спасам тој брак, дека е тоа нели по време на криза во бракот којашто може да се надмине. Да, можеби може да се надмине доколку има соработка и од другата страна и доколку партнерот е свесен дека има проблем и кој што може да се реши. Тоа се проблеми што навистина можа да се решат. Не да кажам со лекови, меѓутоа постојат институции кај што советодавно може да му помогнат да ги надмине некои прострации. Ваљда се тој комплекси од минатото, не знам. Значи а меѓутоа треба да има соработка, пеколен брак. Значи да, да. За жал, а многу од жртвите со години се обидуваат да го сочуваат, иако е пеколен, да го сочуваат поради тоа што сме традиционално научени, нели, немој заради децата и тоа е голема грешка според мене и сеуште е таму тема. За жал, како жртва на семејно насилство, а како излегувавте пред луѓето по секој ќотек? Бидејќи верувам дека тоа остава и видливи мудриц. Како се објаснувавте пред нив? Кое беше вашето образложение? Го криевте него, кажувавте дека е тој? Па јас можам да кажам дека имав работа со а човек што планираше каде да дофати за да не би за да биде покриено да не се гледа. Така да сметам дека наменски беа нанесувани тие повреди за да ми створат нели оној синџир страв само за да не го напуштам. Така да немав некогаш фала богу бидејќи нема да знаев како да објаснам дека е јас имам совршен брак, меѓутоа еве се удрив несакајќи во во вратата имам огромна модрица на окото. Фала богу што тоа не морав да го објаснувам и после тоа беше тешко многу да се објаснува пред институциите како ти тврдиш дека ти врши семејно насилство со години кога ти немаш докази физички на теле. Значи институциите очекуваат жените да бидат модри за да можат да докажат нешто. Па во на почетокот кога се осмелив ете првиот телефонски повик ме обесхрабри нели бидејќи ми рекоа дека морам да превам во полиција за да направат нешто и ми требаа па две години сигурно за да се обидам повторно нели а не веру не верував дека толку ќе се оградат нашиве институции кои под наводници ти а пружат рака да се обратиш во било кое време меѓутоа со храброст отиров во социјалната во социјалното и моментот кога пријавив јас бев да бев исплашена меѓутоа не сакав да го пријавам во полиција туку сакав да се реагира како служба нели да се спречи тоа имав видливи а модринки по рацете меѓутоа ти инсистира или ќе одиш во полиција или ништо не можеме со ова да направиме освен да го повикаме на информативен разговор и тоа ќе биде се го повикаа во тој момент го повикаа и нормално пошто кажав имав работа со човек кој однапред планираше и тој се беше претставил толку а како нормален тип што ни на мравка не гази а како сериозен бизнисмен и нормално дека институциите повеќе ќе веруваат на некој што сериозно ќе се претстави отколку на некое исплашено девојче што ќе се појави што ќе тврди дека била тепана, а има само една модрица што можеби била од тоа што си се удрила некаде. Така ми беше посочено баш со тие зборови. Ние од каде да знаеме дека овде ти не си се удрила сама па сега доаѓаш да го набериш човекот. Бидејќи тој кога дојде беше многу стабилен човек со свој бизнис и не делуваше како насилен тип. Како течеа почекорите понатаму? Бидејќи вие сте требале да се вратите веројатно во вашиот дом. Да. А па знаете како, бидејќи беше свесен дека можам повторно да го пријавам, штом еднаш веќе сум се осмелила, а психичкото насилство се засили, а физичкото го намали, го сведе на минимум, извинете во смисол а кај што не може да остави доказ буквално на секое место кај што не може да остави доказ, дали тоа ќе биде кубење, дали ќе биде не знам сега можеби грубо звучи, меѓутоа стискање на рака на на дланка каде каде што не може да остави модринка, а мавање со предмети кај што не може да остави нели никаква видлива трага. А психичкото насилство се зголеми. Меѓутоа а морам да нагласам дека можеби брак без деца да е полесно да се затвори тој круг. Меѓутоа, кога се деца во прашања, тука жртвата веќе зазема позиција на јас морам да живеам за тројца и мене тоа ми помогна да соберам храброст да излезам од таму, бидејќи бев свесна дека тоа ќе продолжи не само на мене, туку и децата ќе го гледаат, а можеби веќе и на нив ќе се префрли. Гледаа ли децата? Па на крајот веќе да беа сведоци неколку пати, иако јас се трудев на почетокот да нели да избегнувам. Да. Да. И што ти е мамо, што ти е ова? Не им кажуваш. Сепак мали беа. А меѓутоа имаше моменти кога гледаа беа мали, не беа свесни што се случувало. Но а сепак морам да нагласам дека а жртвата што ќе се тргне на страна треба да да им укажува на децата нели сега зависи од возраста на некој во подблага форма. Меѓутоа мора да им каже што се случило затоа што се децата си создаваат погрешна слика понатаму. за зошто се расторил тој брак. Најверојатно тоа е и поради нели од другата страна што се раскажува, меѓутоа децата се свесни, ги паметат тие работи. Колку беше пресудниот момент кога сфативте дека само со овие сотодавниве институции не може да направите ништо, па мора да ја вклучите и самата полиција? Кога сте охраб? Која ја вклучив искрено, јас не стигнав до полиција. Едноставно мене ми се погодија да речам вистински луѓе во вистинско време. А организација која од социјалното ме испратија на психолошко советување мене, додуша и и него, меѓутоа тој не сакаше да соработува, а мене тоа многу ми ми одговараше, малку ме поткрепи во смисол секоја жртва а мисли дека е виновна она за тоа што се случува таму. А ме освестија дека не е моја вина дека се што се случува е како некој шаблон кога се работи за насилство во бракот и дека а јас сум ги поминала сите фази дека сега е време да ставам крај на нели на тоа насилство бидејќи тоа не е моја вина. со нивна помош, значи со психолошка помош, а со неколку среди исто во социјалното се одлучив дека е време да ставам крај на тој брак и излегов од таму. Да не се лажем, тоа е веќе друга приказна кога ќе излезеш од таму. Тоа е веќе нов почеток, нови предизвици, многу е потешко. Затоа и советувам на секоја жена што ти се пронајде да не ги губи нервите и времето во брак што не функционира, туку да се тргне на време бидејќи многу ќе и требаат и нерви и време за децата и па и за себе понатаму кога ќе го отпочне одно. Добидовте ли закани во периодот кога тршеше таа браковорасводна постапка, кога ете конкретно ова лице се тргнало настрана, кога видовте дека не сака да иде ниту на советување? А па јас еден ден денес добивам закани додука, додуша сега веќе не се толку чести и веќе знам дека се не празни зборови да кажам дека се тоа закани со кои ги користел за да ме држи врзана. добивав закани и тоа секојдневни. Психичкиот терор продолжува. Да. Да. Две години траеше понатаму. Меѓутоа знаете кога ќе ве освестат дека не е ваша вина и дека не мора да го трпите тоа веќе жената се оснажнува и си зазема некој став за се. Какви се тие закани? Па дека ќе ме киднапирал, дека ќе ме убиел, дека ќе ми ги одземел децата. тоа со децата ден денес трае ааа дека ќе ме избркал од работа, ќе ме оставил на просечки стап, немало ни денар да ми дава. Значи тоа се закани кои се празни според мене, бидејќи сметам дека доколку му се пружи на нели на виновникот шанса нема да да да се осмели бидејќи е свесен дека ќе одговара. Тој продолжи со животот, верувам. А вие? Па јас сеуште не сум спремна, убаво ми е сама. Најверојатно кога ќе ја добиеш после толку години слободата си ја цениш многу повеќе отколку претходно и уживаш во тие моменти, ги цениш. Од кого го добивате најголемото разбирање во целиот овој период додека се обидувате да почнете од од нула? Па од домашните и од најдобрите пријателки, другари и другарки. Како реагираат децата денеска? А па знаат да да ме обвинат мене дека сум јас виновна што татко им го нема. Меѓутоа јас секој пат истото го кажувам. Значи а јас не сум му забранила да ве гледа. да доаѓа да ве зима, меѓутоа согласно со неговото слободно време и со неговата волја, значи јас не можам да да според моето мислење за него да им не би сакала да им создадам мислење. Сакам сами да формираат мислење за татко им, бидејќи тој им е татко, не можам да го сменам. А и со текот на времето самите ќе ги разберат работите. Сега се сеуште мали. Некои работи веќе ги гледаат, ги разбираат. Тешко е на почетокот, бидејќи децата не знаат што да мислат и многу се исплашени и се не знаат како да реагираат во ниедна пригода. Значи не знаат дали да одат кога доаѓа да ги гледа нели да се гушкаат со него, дали тоа мене ќе ме повреди, дали смеат, дали него ќе го дали ќе му им дозволи да се врати. Тоа се тие се првичните најтешки моменти. Се останато е веќе многу полесно. Кога се во прашање институциите, од која институција го добивте најголемиот удар? Па од полицијата и од социјалните служби, бидејќи тие се социјалните служби сакаат секој случај што ќе го нели што ќе се отвори да се заврши што поскоро да за да имаат што помалку работа. Меѓутоа кога жртва ќе пријави, доколку таа не се осмели шест месеци да да ја затвори таа кривична пријава, пример спрема насилникот, тие вршат притисок за а дека таа лаже, дека измислува, а ова мора да се затвори како не ви е страм. Вие ќе одговарате кривично буквално со закани. Да. Значи таква таква една пријава јас повлеков која беше првата пријава кога го пријавив во социјално после шест месеци морав да ја повлечам затоа што инсистираа бидејќи тој имаше и врски и затоа што сакаа да им се запари случајот да немаат отворени карти а тогаш го напуштив и домот кај што бев бидејќи видов дека а добива сила со тоа што сум се повлекла и самата институција ми кажа доколку сега се повлечете вие веќе Сериозно нема да бидете сфатена и секоја следна пријава ќе биде 100 пати разгледана пред да дојде. За мене беше очајно. Да. А верувам дека има многу жени што нема да се осмелат да дојдат до тој човек. Меѓутоа важно е да останат истрани. Со оваа држава малку потешки идат работите, меѓутоа ако си упорен ќе ги истераш работите на крај. Вие како успеавте да стигнете до самиот крај? Па поднесов барање за разбодовка како го пријавив семејното насилство. траеше година ипол, меѓутоа има поддршка од домашните, иако не ја знаеа целата приказна што се случувало и зошто точно јас сум си заминала од таму, меѓутоа видоа дека нивната ќерка не е среќна и за нив тоа беше доволно за да ја пружат поддршката што е потребна на секоја жртва во тој момент. Многу е важно таа жена што се одлучи да си замине да има каде да замине. Макар на пет-шест месеци колку да застане на свои нозе. Многу е важно да ја има таа потпора. Колкав беше шокот кај домашните, кај родителите? Верувам дека им раскажавте отпосле што се сте минувале. Не сум им раскажала и не се осмелувам искрено. Мислам дека е доволно тоа што го видеа отпосдоа отпосле кога се појавуваше поранешниот сопруг нели под наводници да ги гледа децата а тој доаѓаше да тормози да муљака да сме се смиреле дека тоа не бил он јас ќе сум видела значи од молење преминуваше во закани доволно беше тоа што го видоа и јасно им беше иако многу пати ме прашаа меѓутоа не сакав да да го поминуваат емо емоционално тоа јас што го поминував тие години. Види после се повторно солзи во очите, повторно свежи ви се сеќавањата, но се осмеливте да застанете за да и кажете на секоја жена дека така не може и дека тоа не се трпи и дека не треба да се трпи. А од каде толкава храброст? Од децата најверојатно. затоа што доколку жртвата не се осмели да го затвори кругот тоа тој круг ќе го продолжат децата за жал и тие ќе го пренесат понатаму и тоа тоа ништо нема да на тоа добро значи според мене животот ќе биде залудно потрошен доколку јас не успеам да го затворам тој круг затоа што имам две деца кои на мене се сега оставени нели меѓутоа [музика] а секоја жена мора Да, да, да. Е свесна дека посета е првиот и можеби единствениот пример за децата како да се соочуваат со животот понатаму, бидејќи се на еден начин веќе обележани со тоа што нели нема два родитела во домот. Сметам дека мора да биде примерот кој ќе им укаже дека ќе имаат реплеки во животот кои нема друг начин да ги надминат освен со главата горе и напред. Значи ова е доказ дека не секогаш насилникот со моќ и пари може да си ја постигне целта за жртвата да биде виновна, бидејќи вие сте се избориле. Да. Да. Претпоставувам дека е така, бидејќи а колку пати и да повлече врски, доколку сте упорен ќе остане нешто што ќе го а и тие се плашат кога жената ќе ќе се соочи со нив и кога ќе се спротистави веќе и на нив им е страв дека ете почнала да бара сигурно ќе најде начин колку и да имам јас пари и моќ да ме да ми го испрде образот. Тоа е она што го плаши после тоа насилникот. еве јас треба да продолжам понатаму со животот. Ова ќе ми го испрља образот. Затоа се повлекуваат сметам, бидејќи нормално дека приказната ја вртат во своја корист. Тоа сум чула ете мојот личен пример е дека јас сум била таа што фала богу се ослободил од мене и дека едвај чекал дека он бил тој што ме избркал. Јас не ни се сомневав дека таков ќе биде одговорот на тој човек, бидејќи нормално дека треба да продолжи на следен на следна жртва да се префрли. За жал не сум размислувала низ што поми сум размислувала многу пати низ што поминува таа жена девојка што е сега нели после мене. Меѓутоа тоа е нејзина борба. Секоја жена треба да си го гледа својот живот, своите деца и да гледа самата да продолжи да прожидка доколку може да меѓутоа да не се меша кај што не и е работа. Колку долго траеше насилството и физичкото и психичкото? 12 години. после 12 години. Каде сте денеска? Како тече денеска животот? Пред да ја започнеме оваа приказна и пред овој разговор ве видов насна а и среќна да ве видев оддалеку и немаше да препознаам дека вие некогаш сте биле жртва на некакво насилство. Каде сте? Како продолживте? Јас сум човек што обично гледа од најлошото да го извлече најдоброто. Барем секогаш сум била таква и се учам сеуште позитивното да го да го гледам во сите работи и тоа е најважно. Мислам дека тоа и најмногу ги мотивира жртвите кога ќе одлучат добро па не е толку лошо. Може да биде и полошо. Јас знам. А поентата е што ние како жртви го гледаме ова како проблем. Тој проблем е во нашата глава најголем. Има луѓе што и со поголеми проблеми. Меѓутоа кога ќе го сфатиме како предизвик веќе е полесно да се да се соочиш со предизвик што ко ќе ти биде ааа ќе ти биде а ќе имаш интерес да го решиш. Кога е проблем немаш интерес да го решиш туку ќе бегаш од него. Кога го гледаш како предизвик ќе сакаш да го решиш. што ве прави најсреќна денеска. Па тоа што ги имам оние луѓе што ме сакаат околу себе и што се децата со мене и што можам да да конечно да се гледам со луѓето што сакам да се гледам без некој да ми каже ти кај ќе одиш. Значи слободата е ја ценам продупло повеќе сега што и на опалу. Благодарам на овој разговор и ви честитам навистина за храброста, бидејќи една невидена реткост во 20 крвовековија каде што живееме во некаква демократија каде што институциите треба да им помагаат на граѓаните што еве не се покажало во ваши случаи како целосно. За жал многу случаи се такви, а ретки се оние што ќе се пофалат дека државата им излегла во пресрет и дека им помогнала. Меѓутоа ако се сака си се може и само храброст и трпение и многу трпение. Многу, многу. Да. Истата жена ли е од пред шест години што ја познаваш, на која си помогнала и сега. Каков беше првиот нејзин пристап? Дали се сеќаваш? Се сеќавам точно на дента кога дојде во советувалишниот центар. сеа ме врати со се што раскажуваше, што ја слушав. Ова е тотално друга жена. Значи тотално да ја сеа ја видам исто не сум сигурна дали би можела да ги поврзам овие оваа денешнава од твојот прилог и таа од пред шест години и многу ми е драго што ги собра сите нејзини сили за да излезе и за конечно да го живее она што навистина сака да го живее и што заслужува да го живее. Каква беше пред шест години? Пред шест години беше исплашена. Беше а некако не знам на прашањата ми одговараше со да и со не. Ми требаше многу време да извлечам било какви информации од незе. Иако дојде да побара помош. Така беше резервирана. Да, резервирана. Секако беше исплашена, стуткана, некако седната така и ми одговараше само кратко, јасно и ни требаа повеќе средби за да успеам да ја пофатам целата нејзина приказна и тоа што навистина за неа е горечки проблем во моментот. Ина, како течеше процесот додека да стигнете до до крајот од твојата перспектива институционално? Како дали беа приемчиви односно да ве примат, да ви помогнат, дали а ка како течеше? Еве најкратко да не ја должам. Да, она се обрати во советувалиот центар во којшто работев тогаш, а кажа дека трпи насилство и дека и е потребна помош. А ја упативме, односно и понудивме услуги коишто во моментот ги нудевме како советувалишен центар, односно да добие услуги од психотерапевт. Започна да оди на а терапевт да ги користи услугите. Се оснажни значи се работеше на јакнење на нејзините его снаги и капацитетиве за она да може да се заземе сама за себе. Бевме заедно да го пријавиме, ја придружував да го пријавиме случајот да се отвори досие во Центарот за социјални работи. Од таму ни побараа докази за насилството, а она точно им покажуваше каде има модринки и они као абе не сме сигурни дека ова е тоа. Она притоа ги раскажуваше и заканите коишто они ги упатува на нејзе на секојдневно ниво и мислам дека спомнуваше случаи кај шо ја давел некои такви населни моменти и они као ова не се доволно добри докази. Секако нели ова беше направен притисок од наша страна за ова да се земе предвид како сериозно како што и е и да постапат по нејзините искази. А потоа го викнаа сторителот. од кога го викнаа сторителот го упатија и него и нејзе со мерки на посета на задолжителен советувалишен третман, а со него немавме добра соработка, односно он имаше две мислам дека индивидуални средби и после не се вклучи во групната пошто гру со сторителите се работи во група со сторители. А затушо имавме една сцена со него. Он се дојде во центарот, викаше по мене, не знам, упатуваше закани заради тоа што ние сме ја убедувале неговата сопруга да го остави. За него тоа било неприфатливо и а после а неколку месеци мислам дека клиентката доаѓаше на советување и ги користеше нашите услуги, се охрабри да го а да отпочне бракоразводна постапка. А во меѓувреме од центарот кога ми се јавија со информација за дека го повикале него на информативен разговор од кога ние го пријавивме случајот, они ми дадоа како што и кажа она во изјавата ми искоментираа дека баш бил онака приемчив човеков којшто дошол. А што исто кај мене го покренува прашањето колку ние коишто работиме на ваква сензитивна тема е многу важно да ја имаме вештината за точна проценка на жртви сторители ризик целата ситуација за да можеме да донесеме правилно прашањето беше и дали сте добиле некоја и лажна пријава јас лично не сум добила лажна пријава сум работела и на телефонска линија мене не ми се случило тоа добро а велат а што се случува откако жената ќе собере храброст да побара помош и да и се пружи помош. Кои услови треба да ги исполнува за да биде згрижена во шелтер центар и дали е можна финансиска помош? Финансиска помош жртвите добиваат еднократна парична помош. Се се пополнува барање се поднесува во меснонадлежниот центар за социјална работа. А за да не една жртва биде сместена во засолниште во шелтер центар треба да а направат проценка на ризик од Центарот за социјална работа. Секако она треба исто да каже дека односно они треба да и понудат дека е постоечки ваков ресурс за нејзина заштита ако а степенот на ризик го оценат како среден или висок а се испитуваат а нејзините можности односно ако нема близок круг на луѓе каде што би можела да биде извесно време да биде безбедна нели скриена од сторителот а тогаш и се нуди опцијата сместување во шилтер центар што значи а три таму имаме можност за сместување од еден до три месеци, после се продолжува за уште три и во исклучителни ситуации кога е насилството нели посериозно, кога случајот го побарува тоа може да трае до една година. А проблемот кај овие шелтер центри што честопати жените не се осудуваат, односно не ја сакаат оваа услуга, ја одбиваат, јас сум била сведок што жена, впрочем тоа се случи и во петокот, жена којашто ни се обрати за претрпено насилство, односно насилство коешто го трпи од нејзиниот сопруг, физичко, а да и физичко и психичко. А кога и понудивме опција сместување во шелтер и кажавме дека заради тоа што нашата одговорност исто е да објасниме што значи сместување во шелтер. Тоа значи дека најверојатно ќе живеете во заедништво, во заедничко домување со други жени коишто не ги познавате. Ќе има куќен ред којшто морате да го почитувате и а нашите шелтер центри за заштита на жени се шелтри од затворен тип. А тоа значи дека жената конкретно во овој случај она го одби понуденото сместување заради тоа што нејзиниот коментар беше јас едвај успеав да најдам две работи да работам за да се грижам за моите деца и да бидам финансиски стабилна. Да одам во шелтер тоа значи дека ќе ги изгубам работите и јас ова не можам да си го дозволам. што значи дека укажува на недостаток на ресурси коишто се можеби шелтри од втор степен или куќи за живеење со помош и поддршка коишто се слободни, меѓутоа нели персоналов ќе биде тука, ќе работи на нивната ресоцијализација и реинтеграција, меѓутоа жениве ќе можат да одат на работа и да стануваат економски независни. околу делот на оправдувањето и јас ја прашав жртвата, а сега ќе ве прашам вас. Колку често се даваат бизарни објаснувања кога има една жртва модрици? Имате ли бизарни примери? Да, имаме бизарни примери. Најбизарниот што ми текнува во моментов беше жртва којашто во минатото кога дојде во советувалишниот центар веќе имаше неколку по ред а случувања коишто се со многу висок ризик. Едното е а од кога она го напушта него. Исто заборавив прееска да напоменам дека голем дел од сторените насилства се случуваат кога жртвата го остава насилникот заради тоа што тој се чувствува немоќен и значи она делењето на жртвата од кај насилникот не е решение него тогаш исто треба да ни се уклучени сите аларми. Да. Он имаше потурено солна киселина на разминување и една истата оваа жена има бизарна ситуација каде што од физичко насилство они и го крши носот, она се онесвестува, он се преплашува, она кога се освестува ја носи во ургентен и вика ќе кажеш дека ти падна клима и она оди таму и вика мене ми падна клима. заради тоа што она ако го пријави насилството како вакво, они се должни исто од здравство да ја покренат постапката без нејзина согласност, заради тоа што ова е насилство од висок ризик. Како заврши овој случај? И овој случај заврши успешно. Она доаѓаше на советување со тоа што кога доаѓаше на советување со оглед на сериозноста на насилството коешто претходно го трпеше и на опасноста којашто беше во моментот присутна, бевме некако сите под штрег. заклучувавме врати, испуштавме ролетни во советувалиштето, затоа што да не се доведеме во ризик и ние и нејзе и целиот персонал којшто работеше таму на крај го остави успешно и се раздели и продолжи да живее сама со нејзините деца. Што е школски пример за насилник според вас? Школски пример за насилник е токму тоа што го зборуваше а клиентката од пред шест години којашто ја запознав на работното место тогашно. А насилниците ги изолираат жртвите и ја намалуваат нивната самодоверба со секојдневните навреди и омаловажувања. А после извесно време она верува дека ова е вистина, дека она го заслужува овој начин на живот, меѓутоа веќе е осамена заради тоа што он еден по еден ги отстранил луѓево коишто може да бидат круг на поддршка и она останува заглавена со него во кругот на насилство и не верува во тие моменти дека постои помош. Дали има насилство коешто жена го врши врз маж? Ќе ми одговорите потврдно. Сега ќе ве прашам дали имате во вашата кариера ваков случај? Да, имам исто ваков случај со а маж којшто жена му беше насилна, којшто исто при пријавувањето на насилството во полиција бил исмеван како со коментарите од типот на каков маж си ти ако дозволуваш она да ти го прави ова. А и он се разделува од нејзе, живее со двете деца, он се грижи за нив со родителски вештини. Се сеќавате, се сеќаваш што точно се случувало? А се сеќавам на физичкото насилство коешто она му го вршела на него и а она го пријавува, она го врши насилството и после тоа она го пријавува него дека он ја тепал нејзе и после човеков навлегува исто во лавиринтите со полиција којашто не му верува со нели центрите коишто исто не се на негова страна и ова трае исто он долго време исто посетуваше советувалишен центар за да се утврди дека човеков навистина не е вино виновен. Е сега кога во прашање кампања, веројатно ние ова сега го зборуваме. Јас кажав случајот со Рамајана беше иницијална каписла, но еве можам да ви ветам дека е првпат, но не последен да се зборува за за ова, бидејќи свесноста треба да биде дупло поголема и се надевам заинтересираноста од страна на гледачите, бидејќи живееме во општество каде што треба и да реагираме. Како реагираме како општество? Како општество реагираме според мене многу апатично и не сме воопшто сензитивни на ова и верувам дека на сите ни се случува да слушнеме, видиме, не знам, чуеме од некого и не превземаме ништо околу тоа. А имаме должност според законот за спречување на семејно завршење на семејно насилство. Имаме должност како граѓани, не само јас што го работам ова или ти или другиве луѓе коишто се директно засегнати, да пријавиме секаква индикација за насилство во полиција и они се должни да постапат по ова. Е сеа тоа што никој од нас ова не го прави, исто треба да се запрашаме зошто е ова вака и зошто живееме во ваков свет. А што ти беше другото прашање? Еве сликовите прво да им објаснам дека кога ќе видат нешто дека се случува кај комшиите симптоматично се јавуваме во полиција и кажуваме нормално не треба да ни биде стигма. Леле чекај сега после абе зашто да се замарам јас сега. Да обично не е тоа наш проблем као глеј си работа. Тоа се коментарите ова не е глеј си работа. Ова е општествен проблем во којшто сме сите или можеме да бидеме сите. Многу лесно, многу лесно се влегува во кругот на насилството. Значи кога ќе слушнеме нешто што е симптоматично, еве океј ајде нема да се јавиме во полиција ама можеме да прашаме, да провериме што се случува нели веројатно како соседи знаеме кој живее до нас, што се случува у куќава, можеме да чукнеме, да прашаме. Мене ми се случи. Не нормално ако видиме дека некој удира шамар на жена на улица. Апсолутно не. Но имаме една друга страна. Сега го гледаме тоа, го пријавуваме и на крајот жртвата вика ништо страшно тоа е нормално или не се случи. Да се враќаме на оној муабет од претходно дека жртвата очекувано е ова да го прави. Кога ќе тргнете да го работите ова професионално ќе сфатите дека многу често жртвата ова ќе го прави од страв. Нашата должност пак останува иста. Пак да го пријавиме ако го видиме, пак да го пријавиме. Можеме да добиеме па пријава од полицијата за лажно пријавување на крај со јас мислам дека вреди ризикот и да добиеме ние пријава за лажно пријавување заради тоа што може ова да биде моментот кога ќе спасиме нечив живот и мислам дека нема цена за ова е сега кампањите кажав дека се ретки или се само 16 дена годишно кога имаме денови против родовобазираното насилство и мислам дека би било не знам дали ги би ги чинело теле телевизиските куќи и радио станиците да рандом у текот на вести, не знам на некој филм што е популарен да одат инфоброеви од кризни центри, од начини на каде може да се обрати жртва во случај на насилство или во некои а или во некаква форма на некакви на некакви пораки за кревање на свеста. Мислам дека исто ова е можеби треба да се размисли како механизам којшто би врвел 365 дена. Немаат време. Многу турски серии имаат земјата. Добро. Океј. Ако носи ова профит, има ли кампања којашто ви оставила некој особен впечаток еве којшто може да се спроведе во Македонија, да не слушнат, да не чујат, да размислат? Не знам. Особени кампањи. Мене ми остави впечаток на граница Хрватска према Словенија, кај што имаше стикер уште колку пати ќе паднеш по скали, затоа што ова се често ааа изговорите на жените, односно во моментот кога не се подготвени да го да го пријават насилството и да си признаат на себеси што им се случува и а не на другите. Кога викаат еј паднав по скали, еј се удрив во врата, некои такви бизарни оправдувања и ние ќе си признаеме пораз вака како општество некогаш дека па јас мислам дека после Кочани требаше да официјално да признаеме дека ја изгубивме битката со секоја човештина. Од друга страна имате работено и со LЛGBT лицата. Да. Какви се искуствата во тој дел? Доги години работев со LЛ LЛGBT лицата, односно четири години како социјална работничка, па четири години го менаџирав шелтерот којшто беше постоечки, на жал е привремено затворен со оглед на кратењата на фондовите од US и промените со Трамп за коишто сигурно сте во тек. А искуствата со ЛГБТ и заедницата се исто поразителни во оваа земја. Они како што кажав и прееска во а претходно околу 85% од нив не го пријавуваат насилството заради тоа што не веруваат во институциите. Они стравуваат од дополнителна виктизација и од аутирање односно издавање на нивната сексуална ориентација кога они ќе го пријават насилството. А најчесто беа деца коишто се избркани од домот, односно се под ризик од бездомништво заради тоа што нивните родители ги бркаат поради нивната сексуална ориентација. А статистиките беа дека околу 75% се геј момчиња. Имавме најмал најмал процент на жени лезбејки и негдека во последните две години ни беше зголемен бројот на трансродни лица коишто имаа потреба од сместување и беа сместени во шелтер центарот Сигурна куќа. Тоа беше подружница на Хелсинскишкиот комитет за човекови права и функционираше осум години со полн капацитет за сместување. Во однос на еве прашуваат околу сите жртви не самоил Џубити. Добро, каква е статистиката? На која возраст се најчестите жртви? Каква е статистиката со годишни пријави, временски период на решавање од страна на надлежните органи? За колку време решаваат? Искрено јас со вакви податоци и статистики немам со оглед на работејќи во директни сервиси. А веројатно периодот на решавање или нерешавање е индивидуален и зависи од случај до случај каква поддршка ќе добие жената, односно каква среќа ќе има и кај ќе се обрати. Сте имале ли случај до сега со некоја бидејќи ги забораваме па тинејџерите или да речам ајде 19 20 години па и тоа е тинејџерството некаде критичната возраст а таму па има многу токсични врски. Мислам јас јас сум видел дека се шамараат девојчиња, но и девојчиња натепуваат машки. Што очигледно дека 21от век и 2025 година не треба да ми биде нешто чудно, туку треба пак ќе кажам да реагирам. Има ли вакви пријави? Бидејќи тука не се пријавував претпоставник кај родителите па тешко и дека до вас ќе дојде или грешам. Не пријавуваат. Мислам ова се исто случаи коишто кај што самите девојчиња, млади девојки да речам, не го ни препознаваат уште насилството. Они веројатно тие првите знаци со оглед на патријархатот и воспитувањето во коешто они живееле не ги ни препознаваат овие знаци и сметаат дека ова е нели зачеток на некоја љубовна врска можеби којашто вака треба да изгледа. Така да они ја не сум имала случај да они пријавуваат, не сум имала случај родител да ми пријави за детево дека трпи насилство. Меѓутоа само знам дека се зголемува статистиката за односно бројките за булинг во училишта коешто исто има фатални последици коишто исто булингот носи подоцна такви бракови и се случува ова што ни се случува. Значи тоа се опасно ткиво. Тоа не е не е се раѓа насилник или се создава насилник. Колку е впечатокот со по толку години како социјали работење? Јас мислам дека создаваме дека ние сме а плодна почва да создаваме насилници во ова време во кое што живееме. клучни елементи на создавањето, патријархатот и домашното воспитување коешто нели момчињата ги а поттикнува да бидат силни, дека они не смеат да плачат, дека женава па од друга страна треба да биде послушна нели уште како мали кога ќе почнеме да ги делиме со играчките па кога им ги кажуваме реакциите прифатливи или неприфатливи мислам дека уште од најмала возраст имаме зачетоци на правење насилници и правење жртви. Жал ви е што живеете вакво општество. Жал ми е, ама ваљда ова е мојата мисија. Како социјален работник, колку често имате потреба и вие од психолошка помош? Ова го прашувам бидејќи секој новинар којшто работи со теми како ова, убиства или било што има потреба од психолошка помош. Тоа не е некоја тајна. Тоа не треба веројатно да ни биде најнормално да ја побараме. Да. Апсолутно не е тајна. Имам секако дека имам потреба. Секако дека а исто ова ми помага да професионално подобро ги завршувам своите работни обврски, а односно нели да се износам како што е соодветно со приказните, да не направам некаква некаква проекција на моите потреби или проблеми во даден момент врз клиентите со коишто треба да работам и да им помогнам. и тотално не е срамота и за мене не е табу да кажам дека имам психотерапевтка со којашто често разговарам за личните ствари како и за професионалните. сте имале ексцес некогаш да изреагирате пред насилник, да го судите да некако најдиректно му пристапите од гнев поради тоа што знаете што претрпела жртвата. Не, не ми дозволува работната етика да го кажам тоа што нели првично ми доаѓа да го мислам. А внатре ви внатре да ми се случуваат реакции што најверојатно значат болест во подоцнежните години, ама ќе видиме. Тоа значи дека нема да се откажете чим го има ова ќе видиме. Не, нема да се откажам. Најверечим до сега не сум се откажала. После 12 15 години работење мислам дека нема нема многу изгледи да се откажам. Имате колеги коишто се на работни места каде што не треба да бидат? Дали имам колеги како социјални работници? Сигурно мислам немам блиски колеги коишто се на такви работни места шо веројатно нема нема што да не спојуваш сигурно се спојувам со луѓето коишто нели со страст ја работат работава и ја сакаат али сигурно постојат вакви луѓе. И на самиот крај има порака до жртвите, има порака до насилниците, до жртвите дека не се сами и дека секогаш има помош, ама секогаш, стварно мислам секогаш заради тоа што ако не е а не знам институцијава, тогаш е невладин сектор секогаш кај што можат да се обратат. Значи кажав советувалиштето чијшто претставник сум денес, го спомнав и Хелсиншкиот комитет буквално секогаш. исто многу луѓе често приватно ми се обраќаат за помош, ш исто е океј а до насилниците дека ова е неприфатливо однесување и сметам дека треба да самите да побараат помош за да сменат некои образци на нивното однесување. Ова не верувам дека ќе допре до нив, али за жртвите да добра ај се обидуваме дадеме. Благодарам за тоа што беше вечерва тука. Благодарност за помошта, довербата да допреме ние до една од жените со кои ти имаш работено жртва на семејно насилство и тука сме доколку ете има потреба од нас, а имаме секогаш потреба да збориме за за ова. Ти благодарам за поканата. На самиот крај само имам една порака. Секој од вас може да придонесе ете низ примерите кои ги кажа Ивана, но и со самото споделување на овој подкаст, затоа што верувам дека овој подкаст може да ги охрабри многу жени коишто трпат дома и коишто можат да завршат како рамајана убиени. Може да ги охрабрат да пристапат еве конкретно до невладините организации, до институциите и покрај негативните примери. го видовме примерот на Љупка којшто завршил успешно, но видовме и примери коишто за жал не завршуваат како што треба. Останете во добро здравје. Се гледаме наредната среда. Мислам дека ќе се осврнеме малце на политика бидејќи многу сакате да ја гледате политика. Просто многу сакате да гледате политика. Реализатор и продуцент Горан Јакимовски, продуцентка Катерина Цаневска. А со мене се гледате и наредната среда во истиот термин 21 часот. Пријатно

Други сезони / Плејлисти